Министрите за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска и на Република Северна Македонија, Бујар Османи разговараа за актуелната состојба на политичкиот дијалог
Министрите за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска и на Република Северна Македонија, Бујар Османи разговараа за актуелната состојба на политичкиот дијалог
Премиерите Ковачевски и Петков ја изразија важноста да се охрабри комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија
Премиерите Ковачевски и Петков ја изразија важноста да се охрабри комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија
Градоначалникот Костадин Костадинов упати честитка по повод Меѓународниот ден на образованието
Градоначалникот Костадин Костадинов упати честитка по повод Меѓународниот ден на образованието
ВМРО ЛАЖОВИСТИЧКА - Сотирова-Бухова: Миле Зечевиќ не се тестирал за ковид на 19 јануари
ВМРО ЛАЖОВИСТИЧКА - Сотирова-Бухова: Миле Зечевиќ не се тестирал за ковид на 19 јануари
СЕ БУНАТ МНОГУ ПОЛИТИЧАРИ ОД РЕГИОНОТ: Влезoт во Косово со три примени дози е престрога мерка?
СЕ БУНАТ МНОГУ ПОЛИТИЧАРИ ОД РЕГИОНОТ: Влезoт во Косово со три примени дози е престрога мерка?
ВМРО СЕ УТЕПАА ОД ЛАЖЕЊЕ - Не подаривме возило на Заев, тоа е доделено согласно закон, велат од Владата
ВМРО СЕ УТЕПАА ОД ЛАЖЕЊЕ - Не подаривме возило на Заев, тоа е доделено согласно закон, велат од Владата
Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија
Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија
Лукаревска: Избори нема да има, туку работа, време е за мерки и проекти за надминување на кризата
Лукаревска: Избори нема да има, туку работа, време е за мерки и проекти за надминување на кризата

БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: НЕМА ПОГОЛЕМ КРИМИНАЛ ОВИЕ 30 ГОДИНИ ВО ЗЕМЈАВА ВО КОЈ ОРЦЕ КАМЧЕВ НЕ Е ВМЕШАН ИЛИ Е ГЛАВЕН АКТЕР

Не мора да сте филмски критичар за да знаете дека прославениот британски филмски режисер Алфред Хичкок – кој, патем, иако се смета за едно од најважните имиња во светската историја на „подвижните слики“, и покрај бројните номинации, само еднаш има освоено Оскар за најдобар филм (за неговото прво холивудско остварување, „Ребека“, во 1940 година) – љубеше лично да се појавува на по неколку секунди во своите филмови. Без изговорен збор, обично во сцените како случаен минувач или како дел од кадрите со луѓе во позадината, Хичкок се има „прошетано“ пред сопствената црно-бела камера дури 39 пати во вкупно 54 филмови.

Еднаш, во „Да се фати крадецот“, додека камерата го следи погледот на актерот Кери Грант, Хичкок се појавува во дел од секунда како се вози во автобус; другпат се прошетува со своите два териери (во „Птици“); неколку пати при појавувањата пуши пури, а ако добро ме држи памтењето, во неговиот филм „Чамец за спасување“ (така ли се преведува “Lifeboat”?!) неговиот лик и става на момент се појавува во реклама за слабеење испечатена на задната страница од весникот што го листа еден од артистите во филмот.

Не знам зошто, на оваа прочуена навика на ненадминатиот мајстор за филмски трилери деновиве ме потсети еден познат македонски бизнисмен чие име, на еден или на друг начин, задолжително „хичкоковски“ се појавува во бројни сомневања за крупни криминални афери во изминатите дваесет и кусур години. Во овие македонски „бизнис-трилери“, и во домашни и во меѓународни „копродукции“, понекогаш како „режисер“, а често и како главен актер, неговата појава ќе ни се „прошета“ пред камерите, небаре за да се потсетиме дека многу нешта не биле можни без неговиот креативен деликвентски придонес. По правило, се работи за високобуџетни проекти во кои редовно има компликувани политички заплети, со згодни девојки и избрана артистичка екипа од крупното македонско подземје. Како во боливудските хитови, сето тоа е подмачкано со многу барели скап алкохол, со редовни баханалии и најфино бело брашно за месење коруптивни погачи.

Што е право, и покрај големата трилер-продукција зад него, тој никогаш го нема освоено македонскиот „правосуден Оскар“. Сепак, како што тргнало, и нему, како на Хичкок, не треба да исклучиме дека може да му се посреќи барем еднаш во неговата кариера да светне во полн сјај на сцената при доделувањето на наградата за „животно дело“. Во моментов е номиниран барем во неколку главни и поспоредни категории, чекајќи во неизвесност како за овој негов маркантен придонес ќе се произнесат овдешните обвинителско-судски „жирија“.

Затоа и не чуди што, со оглед на портфолиото, неговото име се врзува со финансирање на крупни операции за рушење на актуелната номенклатура на власт во македонскиот „Холивуд“. Во игра се финансирање на поткупи и рекети, широкоградо се плаќаат опозициски медиумски проекти и партии, па дури се сомнева и за буџетирање на странски продукции за блокада на македонските евро-интегративни процеси, само и само за да се урне кредибилитетот на оние кои – наводно – решиле да го закитат со „Оскар“.

Јас би рекол: „Да видиш, да не веруваш“! Нашиов бизнисмен, како и Хичкок, е потврден мајстор за пресврти во решавачкиот момент на дејствието на филмот.

Всушност, има еден филм во кој се појавува Хичкок („Топаз“, од 1969 година), што може да е совршена метафора за расплетот на овој криминален трилер во македонска продукција: во неколку секунди додека камерата поминува низ атмосферата на еден аеродром, Хичкок, кого за момент го туркаат во инвалидска количка, наеднаш станува, се поздравува со некого и „излегува“, на десно, од сцената…

Хе-хе-хе: посрнатиот наеднаш ќе се крене, ќе стегне рака и ќе си замине во луксузен заборав. Со недоделен Оскар. Како Кери Грант во „Да се фати крадецот“.

Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.

loading...

anime online. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Boruto: Naruto Next Generations Episode 218

AnimeFreak Death Note

anime stream Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

animefreaks official website Bleach

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 3