И повторно сме на истата позиција како години со ред: кога и да се појави меѓународен проблем што го решава „администрацијата“ на Заев – грчко вето, Преспански договор, НАТО, француско вето, бугарско вето… – опозицијата почнува да колне, да дречи, да сече вени, да прогнозира неуспех, национална катаклизма и предавство.
Сурија од разни „меѓународни величини“ од ВМРО-ДПМНЕ, кои ни омлет немаат направено во меѓународната политика, по телевизии, портали и на прес-конференции расправаат за мусаки, имам-бајалди, шатобријани („за четири особе“) и кордон-блеа, мислиш дека се шефови со по три мишелин ѕвезди за интернационалните кујни околу Македонија! А „експертизата“ и, уште повеќе, учинокот во меѓународната политика во биографиите главно им завршува на десетка со кромид или караѓорѓеви плескавици!
Ах, да, и половина од овие што ги судат од нивното бившо раководство имаат меѓународни оф-шор сметки по белосветски дестинации.
Кај сите овие дипломатски роштиљ-мајстори консензусот е дека Договорот со Бугарија бил погрешен, дека тие уште на времето „предупредувале“ и барале договор да нема, ама „криминалецот Заев“ не ги слушал и ја распродавал македонската славна историја за свои бизнис интереси. И дека сега треба да му се „одземе“ правото на Заев да го решава проблемот со Бугарија.
Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.