ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ СО НОВ УСПЕХ: Продолжува растот на платите, посветени сме да стигнеме до 34.000 денари просечна плата
ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ СО НОВ УСПЕХ: Продолжува растот на платите, посветени сме да стигнеме до 34.000 денари просечна плата
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од четврток, 25.02.2021 година, ќе започне со исплата на февруарските пензии
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од четврток, 25.02.2021 година, ќе започне со исплата на февруарските пензии
Комерцијална банка ви нуди потрошувачки кредит до 1.500.000 денари што се одобрува во рок од 24 часа
Комерцијална банка ви нуди потрошувачки кредит до 1.500.000 денари што се одобрува во рок од 24 часа
Денес започна со работа новата модернизирана експозитура на Комерцијална банка во Дебар
Денес започна со работа новата модернизирана експозитура на Комерцијална банка во Дебар
КАФЕАНЏИИТЕ НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ ПОЧНАА ДА СИ ГИ УРИВААТ ТЕРАСИТЕ СО КОИ БЕШЕ ЗАФАТЕНО ЦЕЛОТО ШЕТАЛИШТЕ
КАФЕАНЏИИТЕ НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ ПОЧНАА ДА СИ ГИ УРИВААТ ТЕРАСИТЕ СО КОИ БЕШЕ ЗАФАТЕНО ЦЕЛОТО ШЕТАЛИШТЕ
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Општина Кисела Вода засади 136 садници
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Општина Кисела Вода засади 136 садници
СДСМ: Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра македонска иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика

Костадинов: Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ
Костадинов: Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ

БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: Со Грците „судски“ се спогодивме, адвокатските трошоци ги плативме ние. Ова со Бугарите е за психијатриско вештачење!

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Расправиите помеѓу Грција и Македонија и помеѓу Бугарија и Македонија се од различна природа. Со различни последици.

Со Грците имавме „имотно-правни“ недоразбирања како што двајца соседи се расправаат околу плотот – непријатна кавга која траеше триесетина години, но во која „геометрите“, на крајот, помогнаа да се симне оградата, откако ние решивме дека ќе се водиме од принципот „попаметниот попушта“: ја променивме таблата на влезот на плацот, добивме „имотен лист“ со катастарски печат од НАТО, без изгубен квадрат од духовниот и материјален имот. Тој успешно разрешен, а бесмислен спор, е веќе дел од балканската историја.

Со Бугарите, пак, недоразбирањата се како двајца браќа од исто семејство кои не можат да се разберат кого го сакал повеќе починатиот татко – еве, за потребите на оваа аналогија, да речеме дека „таткото“ се викал Гоце Делчев. Дополнително, Бугарите тврдат дека сме браќа-близнаци, еднојајчани, а ние тврдиме дека се работи за постар и помлад брат, со различна дата на раѓање, со свои формирани семејства и со изградени поколенија. И дека не ни пречи исто да го сакаме и славиме Делчев.

Со Грците „судски“ се спогодивме, адвокатските трошоци ги плативме ние. Ова со Бугарите е за психијатриско вештачење. Расправиите во семејствата се секогаш потешки од расправиите со соседите: има многу повеќе емоции од разум, бидејќи кога ќе се расприкажат разни тетки, стрини и вујковци, приказните се епски, семејните херои се само „наши“, а семејните предавници се само „нивни“.

Да речеме дека Бугарија, влезена во вителот на својата моментна внатрешно-политичка криза, ќе ја блокира Македонија на нејзиниот европски пат. Штетите за нас, несомнено, ќе бидат значителни. Патем, овдешните националистички тупаџии, секогаш потонати во сопствената етно-патетика, ќе продолжат да викаат дека биле во право, здодевна врева на која сме навикнале со децении.

Но, што добива Бугарија од тоа? Ќе се возобноват активните и пасивните меѓусебни непријателства во двете земји, со продолжена националистичка „инвестиција“ и за следната генерација Бугари и Македонци на домашната политичка сцена и со продлабочување на непријателските сентименти и фрустрациите на двете страни. Ние од немајкаде ќе се вратиме (или, всушност, ќе ја продолжиме) политиката на развој на јужно-северната балканска оска, со засилување на српско-грчките влијанија во државава, со извонредна можност за Грците среднорочно да се етаблираат како наш „прозорец кон светот“, сега „растегнат“ на коридорот од Израел до Италија, преку Албанија, Косово и Црна Гора. Јужно крило на НАТО, Медитеран.

Регионално, Бугарија ќе остане „забетонирана“ во чувањето на европската јужна граница со Турција и ништо позападно од тоа, а подобрувањето на односите меѓу ЕУ и Турција се чини безнадежно до догледна иднина.

Софија, традиционално, извонредно ќе одработи за интересите на Атина и Белград на Балканот. Ќе ја пропуштат историската шанса на цивилизиран начин и без воени насилства, да се „факторизираат“ на источно-западниот коридор во регионот. И сето тоа по паметот на некаков Каракачанов, со резонот на Москва во позадина. И со можност од македонска страна повторно да добијат некаков „нов Груевски“ со кого, со право, со години не сакаа ни кафе да се напијат.

Бојко Борисов одлично разбира дека Македонија во ЕУ е исто толку важен приоритет за Софија, колку и за Скопје. Би било непристојно мешање во актуелната внатрешна политика на Бугарија овде да објаснуваме зошто, сепак, се двоуми како да постапи во сегашната македонско-бугарска ситуација.

Можеби е премногу да очекуваме уште еден извонреден балкански патриот како Ципрас во нашето соседство?

Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.

loading...

Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full at AnimeHeaven anime heavene

The Irregular at Magic High School (https://funimationfree.com/m/LaB) Episode 26 at Funimation funimation entertainment