СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од малверзациите со ниви во Делчево
СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од малверзациите со ниви во Делчево
СДСМ: Дали Мицкоски ја искористил шемата на неговиот шеф и ментор Груевски за ,,Делчевски ниви”?
СДСМ: Дали Мицкоски ја искористил шемата на неговиот шеф и ментор Груевски за ,,Делчевски ниви”?
Пановски до Град Скопје: Не шетајте ме по ќерамиди!
Пановски до Град Скопје: Не шетајте ме по ќерамиди!
СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски
СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски
ГРАД СКОПЈЕ: Рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај се реализира според сите стандарди
ГРАД СКОПЈЕ: Рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај се реализира според сите стандарди
Богоев на ТВ 24: Го штитиме стандардот на граѓаните, платите и пензиите растат и во време на најголема светска економска криза
Богоев на ТВ 24: Го штитиме стандардот на граѓаните, платите и пензиите растат и во време на најголема светска економска криза
Шаќири во Охрид и Струга, Алиу во Кичево: младите да се фокусираат на средното стручно образование кое нуди поголема веројатност за личен успех
Шаќири во Охрид и Струга, Алиу во Кичево: младите да се фокусираат на средното стручно образование кое нуди поголема веројатност за личен успех
Украинската црква прогласи целосна независност
Украинската црква прогласи целосна независност

БОМБА НА ПАСКО КУЗМАН: ГРУЕВСКИ МЕ ПИКНА ВО ЗАТВОР ОТКАКО СЕ СПРОТИСТАВИВ СУБРАТА РОЈ ДА ГРАДИ НА ЉУБАНИШТА

Археологот Паксо Кузман во своето денешно интервју се сомнева дека судскиот процес Фаланга 2 каде што тој беше обвинет, има врска и со неговото спротивставување несудениот инвеститор од Индија, Субрата Рој, во намерата да подигне проект во Љубаништа.

„Да, јас се спротивставив на тоа. Имав една средба со него. Кај Љубаниште има локалитети и реков дека тука треба да се внимава и да не се чепка. Можеби е тоа, не знам. Митрополитот Тимотеј тогаш ми рече дека добро сум постапил. И за Езерото кажав дека е под заштита на УНЕСКО и дека треба да се внимава“, одговори Кузман на едно од прашањата во неговото денешно интервју за МКД.

Вели дека сепак не сака многу да зборува за случаите Фаланга 1 и Фаланга 2.

„Не сакам да зборувам многу за тоа. Но сигурно има од сѐ по нешто од тие зборови што ги употребивте. Сите знаат, сите мои колеги, сите што ме познаваат, знаат дека јас со таква работа не се занимавам. Дури и кога беше оној големиот случај со кражбата на артефакти, археолошки предмети од Музејот на Македонија во Скопје, дел од моите колеги беа осудени на затвор, некои од процесите мислам дека сѐ уште траат… И тогаш ми дојдоа дома шест луѓе. Тоа беше изненадување и шок за моето семејство, за жена ми, која е во количка. Кај мене бараа предмети најдени во локалитетот Исар Марвинци и насекаде каде што работевме. И до ден денес тие артефакти не се најдоа. И тоа најмногу ме боли, ме загрижува и ме чуди. Кај моите колеги сигурно не се, тоа го гарантирам. Некаде се, каj некого, кај некои битни личности и мислам дека сѐ уште се во Македонија. Тие предмети ги нема во музеите“, тврди археологот.

Кузман додава дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ буџетот за истражување на артефакти бил на доста завидно ниво, но приоритетот не бил антиката.

„Нашата работа немаше врска со таа т.н. антиквизација. Едноставно тоа се наметна, кога копате наидувате и на праисторија, неолит, антика и среден век. На еден локалитет нема само антика. Ние не смееме да работиме само антика, ние ги следиме културните слоеви. Истражуваме и праисторија и антика, византиски период, среден век, отомански период“, вели експертот.

На повеќе наши локалитети – Стоби, Хераклеја, Скупи… антиката ја има најмногу затоа што била најсилна на оваа територија. И затоа излегуваше дека ние бркаме само антика, дека бараме некакво потекло. Тоа нема врска. Јас сум праисторичар и уживам кога ќе наидам на тие слоеви“, смета тој.

Кузман и натаму вели дека има амбиција да го пронајде гробот на Александар Македонски, но додава дека денешните Македонци се Словени.

„Да, реков. Откривањето на гробот на Александар Македонски е дел од тие мои проекти што треба да ги завршам до мојата 111 година. Ако гробот се открие кај нас, имајќи ги предвид сите овие апетити од соседите и од Европа, која ја смета Грција за јадрото на европската цивилизација и дека го немаме ние тоа право, тоа ќе предизвика навистина бурни реакции. Како може да немаме право ако го најдеме на наше тло, ем се викаме така, ем Македонија се вика оваа територија. Александар Македонски е универзална личност, светска. И ние имаме право, не дека потекнуваме од него, тоа е навистина смешно. Јас сум Словен, но културата е наше наследство“, додава Кузман.

Вест од 2013-т година:

Премиерот Никола Груевски жали што неговиот близок соработник, Паско Кузман е во притвор. И по една недела од апсењето на сè уште актуелниот директор на Управата за заштита на културното наследство, премиерот не сака да коментира, велејќи дека се што знае е од медиумите, како и сите други.

„Па, немам коментар, Паско Кузман го чувствував за близок, бидејќи често се гледавме при нашите соработки, и мене ми е многу жал што е во една таква ситуација, она што го знаете вие го знам и јас од медиумите, дека имало некаков договор кој требало или не требало да се потпише, според обвинителството, нешто се погрешило, така што, ќе си има судска постапка во којашто г-нот Кузман ќе има можност да си ја каже својата страна“, изјави премиерот. Пред скоро една недела, Кривичниот суд во Скопје му определи куќен притвор од 30 дена на директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман кој беше приведен под сомнение дека ја злоупотребил службената должност и овластувања. Кузман се товари дека нелегално, односно дека надвор од процедурите давал дозволи за ископување на археолошки локалитети заедно со група вработени во Управата. Иако приведувањето на Кузман се третира како дел од процесот Фаланга 2, од МВР велат дека немаат докази и наоди дека Паско Кузман учествувал во нелегална трговија со артефакти.

Полицијата го товари дека пред две години незаконски дал согласност да се ископува во близина на Делчево и на Катланово. Медиумите тогаш шпекулираа дека на овие локации наводно се бара злато оставено од Германците во 1944 година. Никогаш не беше откриено дали е најдено златото на Германците, но според истрагата на МВР, Паско Кузман, заедно со еден од раководителите во Управата, кој го поттикнал да ги потпише согласностите, ја загрозиле безбедноста на културното наследство.

Освен што незаконски ги потишал согласностите за ископите, според пријавата, Кузман го оштетил и буџетот, барајќи полициско обезбедување на локациите, што МВР го чинело околу 20.000 евра, а оваа сума никогаш не ја платил.

Инаку, директорот на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман беше сведок на Обвинителството во случајот Фаланга 1, во кој 23. обвинети одговараа за оштетување, присвојување и уништување на материјалните добра. Кузман во Кривичниот суд сведочеше врз основа на фотографии и тврдеше дека препознал оти запленетите предмети се оригинали.

Исто така, ова не е прв пат Кузман да се соочува со кривично гонење, тој во 2002, откако беше сменет од директорското место во Завод и музеј во Охрид, доби кривична пријава.

loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 4

GoGoAnime DARLING in the FRANXX

GoGoAnime Mieruko-chan

gogoanimehub GoGoAnime BANANA FISH

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 9