– За критиките дека сум се мешал во верски прашања и дека сум ја преминал линијата на одвоеноста на државата и црквата, сакам да ви раскаам една анегдота од пред 20 години кога со тогашниот претседател Борис Трајковски бевме кај истиот овој патријарх во Истанбул. Јас тогаш му бев советник за национална безбедност на Трајковски. Борис му се обрати на патријархот – знаете, јас сум методист протестант, ама сум и Македонец па ве молам да и помогнете на МПЦ да добие автокефалност. Па така и јас сега, тоа прашање го гледам како национално, идентитетско, патриотско а не како верско прашање.
Претседателот Пендаровски по седницата на советот за безбедност.