Попов: Буџетот на Град Скопје за 2022 не е за развој, туку за вдомување кадри на ВМРО-ДПМНЕ и истиот е доказ за неспособноста на Арсовска.
Лагата со 5-те „мега паркови“ кои што треба да бидат со големина на Градски Парк ќе мораме да почекаме да ни биде разоткриена, бидејќи во овој буџет градоначалничката не предвидела пари за ниту еден од нив. Ако првата година од својот мандат ја потроши без да изгради ниту еден од нив, тогаш ќе мора да изгради пет паркови за три години. Но, и за да изгради пет паркови за три години, тие мораат да бидат проектирани однапред, а за проекти се уште не станало ни збор. Но, и оваа лага, како и онаа за бесплатниот превоз, ќе почекаме градоначалничката да ни ја соопшти како лоша вест понатаму во својот мандат – пет мега паркови во Скопје нема да има. Но, не само што нема да има мега паркови, нема да има ни нови зелени покриви во Скопје.
Проектот за зелен покрив на Мавровка го нема во буџетот – Арсовска не смета дека е потребно зеленило крај најголемата и најзагадена раскрсница во градот. Во буџетот за 2022 нема ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, велоштад, нема рампи на кејот, нема опрема за автобусите да превезуваат точаци, нема субвенции за сервис, нема субвенции за дополнителна опрема. За развој на велосипедизмот во Скопје, Данела во 2022 не планира апсолутно ништо.