АД ЕСМ ДОДЕЛИ 6 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВА ГОДИНА ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
АД ЕСМ ДОДЕЛИ 6 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВА ГОДИНА ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
АД ЕСМ додели 5 стипендии на студенти од електротехнички и информациски студии
АД ЕСМ додели 5 стипендии на студенти од електротехнички и информациски студии
Заев очекува отворање на граничниот премин Маркова Нога, обврска од Преспанскиот договор
Заев очекува отворање на граничниот премин Маркова Нога, обврска од Преспанскиот договор
Османи: Одбиен е спорниот дел во францускиот предлог кој се однесува на нас
Османи: Одбиен е спорниот дел во францускиот предлог кој се однесува на нас
Петков објасни што ќе се случи ако Македонија го прифати „францускиот предлог“
Петков објасни што ќе се случи ако Македонија го прифати „францускиот предлог“
ССМ утре ќе го блокира влезот на Скопје
ССМ утре ќе го блокира влезот на Скопје
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
Османи: Колку треба да си алчен и да не си ја сакаш државата
Османи: Колку треба да си алчен и да не си ја сакаш државата

БОМБА НА ПОРТАЛОТ ФАКТОР – АСМИР ЈАХОСКИ ОД ПУЦКО ПЕТРОЛ ЈА ПРОШИРУВА СВОЈАТА БИЗНИС ИМПЕРИЈА ГО КУПУВА БЕТОН ОД МИНЧО ЈОРДАНОВ, ОТКАКО ЛАНИ ГО КУПИ ЗЕМЈИШТЕТО НА АЛУМИНА ГО КАРПОШ

Според сознанијата на Фактор, трансакцијата со која „Пуцко Петрол“ ќе го купи скопски „Бетон“ на Минчо Јорданов, се уште не е помината преку Македонската берза, но се очекува тоа да се случи наскоро.

Засега не е позната сумата, ниту процентот на акции кој би го купила компанијата на Асмир Јахоски, син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и сегашен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, од скопската градежна компанија „Бетон“.

Според податоците за компанијата објавени на Берзата, „Бетон“ минатата година ја завршил со огромна загуба од 12,4 милиони евра или близу 760 милиони денари.

Ова следува откако во 2020 година градежната комапнија имала минимална добивка од околу пет илјади евра, додека, пак, во 2019 година добивката изнесувала 639 илјади евра. Ова значи дека низ текот на годините работењето на „Бетон“ Скопје одело се повеќе во зоната на негативата, за лани да заврши со неславна бројка на загуба од 12,4 милиони евра. Во минатата година значително се намалени и вкупните приходи од редовните активности на компанијата.

Познавачите велат дека ваквиот неповолен финансиски резултат се должи не на некакво лошото работење или менаџирање на „Бетон“, туку на големите суми ненаплатени побарувања од државата, откако градежната компанија беше еден од главните изведувачи на проектот Скопје 2014, кој го започна власта на Никола Груевски.

Во акционерската структура на „Бетон“ доминира познатиот бизнисмен Минчо Јорданов. Според податоците на Ценгтралниот депозитар за хартии од вредност, најголем поединечен акционер на „Бетон“ е REPRO ONE LIMITED, која поседува 22,22 отсто од акциите, ARROWCREST LIMITED располага со 19,94 проценти, РЖ Техничка контрола АД има 5,04 отсто, додека, пак, WOLLES TRADING CORP има на располагање 21,34 проценти од акциите.

Засега нашите извори не располагаат со прецизни податоци за тоа по која сума би се реализирала продажбата на „Бетон“, и колкав процент би купиле од „Пуцко Петрол“.

Она што го говорат податоците од Берзата, е дека последното тргување со акциите на таа компанија се случило на 19 овој месец, кога биле купени само пет акции, по цена од 3.453 денари за акција. Многу поголема количина на акции, или 92, биле продадени на 13 април, и по повисока цена, од 3.560 денари за акција. Претходно, пак, тргување имало на 18 февруари, кога се купени 11 акции, по цена од 3.720 денари за акција. Или, во последнава година се истргувани 671 акција на „Бетон“, при што најниската цена била токму 3.453 денари, додека највисоката 4.955 денари за акција.

Кој е интересот на „Пуцко Петрол“ да го купи „Бетон“, засега не е познато, но ако се има предвид дека на крајот на 2020 година нафтената компанија го купи земјиштето на „Алумина“, логично е да се очекува дека градежната фирма би се користела за изградба на планираните содржини на тој простор.

Инаку, Фактор во декември 2020 година објави дека нафтената компанија „Пуцко Петрол“, по долги преговори, за 18 милиони евра го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“, од околу 42 илјади метри квадратни. Тоа земјиште се дотогаш беше во сопственост на израелската компанија „Газит глоуб“.

Асмир Јахоски е целосен сопственик на „Пуцко Петрол“, односно тој поседува 100 отсто од акциите на компанијата.

За Фактор, Асмир Јахоски тогаш изјави дека „Пуцко“ планира да го ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите. Тој тогаш не ја исклучи можноста дека ќе има станбени згради и деловен простор, но дека нема да се дозволи неконтролирана градежна експанзија.

Според нашите информации, сега за таа локација веќе се продаваат и станови на заинтересирани купувачи.

Јахоски тогаш најави за Фактор дека инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра.

Инаку, „Пуцко Петрол“ е компанија основана во 1991 година, а работи на трговија на големо, со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.Според Клуб 200, „Пуцко Петрол“ во 2019 година имала приход од 46,4 милиони евра, и раст на приходот од 13,48 проценти. Нејзината добивка во таа година изнесувала 2,8 милиони евра. Компанијата има 164 вработени.

loading...

go88 ông thần tài go88 hd go88 âu cơ

sunwin đặt máy chủ ở đầu danh bai doi thuong sunwin sunwin nhatvip