На прашање од новинар кој пренесе изјава на градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш дека град Скопје не ги чистела дивите депонии во Шутка, градоначалникот на Скопје Петре Шулегов одговори:
– Треба да го прашате зошто неговото комунално претпријатие ѓубрето од Шутка наместо во Дрисла го остава на диви депонии низ Шутка па после од нас бараат ние редовно секој месец да ги чистиме депониите што еднаш сме ги исчистиле, не може град Скопје да биде комунално на Шутка си имаат они комунално кое треба законски да си ја врши својата работа.
На новинарско прашање дека Дудуш се жалел дека град СКопје ништо не направил за Шутка, Шилегов одговори:
– Ние сме во 4-та фаза од изградбата на улицата Индира Ганди, главна улица која поминува низ Шутка и таа улица 40 години не е реновирана. Но градоначалникот дава несреќни изјави затоа што е време на Корона па луѓето малце се кој со температура кој во паника…