Пред неколку дена градоначалникот на Крушево, Томе Христоски го потпиша договорот за нов проект од областа на туризмот вреден над 700 илјади евра ❗️
Пред неколку дена градоначалникот на Крушево, Томе Христоски го потпиша договорот за нов проект од областа на туризмот вреден над 700 илјади евра ❗️
Во текот на денешниот ден, во противпожарниoт тренинг центар на Kouzon Corporation, група на наставници имаа обука од противпожарната заштита
Во текот на денешниот ден, во противпожарниoт тренинг центар на Kouzon Corporation, група на наставници имаа обука од противпожарната заштита
Долгот од над 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои – Симеон вели ќе го плати ако Реџепови се откажат од наследството
Долгот од над 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои – Симеон вели ќе го плати ако Реџепови се откажат од наследството
ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАДЕ 1000е ЗА СТАРТ АП БИЗНИСИ НА МЛАДИ СТРУМИЧАНИ
ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАДЕ 1000е ЗА СТАРТ АП БИЗНИСИ НА МЛАДИ СТРУМИЧАНИ
Пендаровски вели дека нема веќе „5+1“ со Бугарија, туку пет комисии
Пендаровски вели дека нема веќе „5+1“ со Бугарија, туку пет комисии
СПАСОВСКИ: Приоритет на МВР за 2022 година е набавка на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата
СПАСОВСКИ: Приоритет на МВР за 2022 година е набавка на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“

БОМБА НА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ – Пожарот настанал затоа што се обидувале да реанимираат девојче и пукнал штекер, сведочи тетовчанка за „Слободен печат“

Тетовчанката Јована К. за „Слободен печат“ раскажува дека нејзината сестра и нејзиниот татко, кој бил хоспитализиран со ковид во модуларната болница која изгоре синоќа, последни низ прозорец се спасиле од пламените јазици кои жестоко го зафатија овој ковид центар. Во пожарот, животот го загубија 14 лица, а уште 12 се повредени.

Пожарот почна од собата веднаш до таа кај што лежеше татко ми. Сестра ми постојано плаче и е многу вознемирена. Таа беше со татко ми како придружба во модуларната болница во Тетово. Во модуларната болница при прием на ковид пациент ни кажаа да оставиме еден член од семејството како придружба, бидејќи нема доволно персонал. Во овој случај беше од помош, зашто тие што се спасија, се спасија благодарение на придружбата. Слушнав и дека имало мајка и ќерка кои изгореле затоа што ќерката не сакала да ја остави мајка си и изгореле заедно, ја почнува Јована својата приказна.

Според она што и го кажала сестра ѝ, пред да настане пожарот, слушнале гласови од соседната соба, бидејќи некое девојче умирало.

Пожарот настанал затоа што се обидувале да го реанимираат девојчето. Додека ја реанимирале со дефибрилатор, пукнал штекерот. Неколку секунди потоа сестра ми слушнала панични извици дека има пожар. Сестра ми ја фатило паника, почнале да го кршат прозорецот за да излезат. Татко ми немаше станато од кревет откако е хоспитализиран. Паднал. Но, му помогнале да излезе, вели Јована.

Сестра ѝ и татко ѝ биле последните што излегле живи.

Кога се свртела наназад не успеала да разбуди уште двајца, бидејќи нивната соба горела жестоко од сите страни. Плаче многу затоа што не успеала да ги спаси, да ги разбуди. Излегле надвор низ прозорец. Јас веднаш дојдов, донесовме концентратор за кислород за татко ми и го пренесоа на интерно. Се изнагледав луѓе изгорени, лешеви, многу повредени, тоа беше страшно. Таква глетка на никого не му посакувам да види. Болницата изгорела за неколку минути, во тие две минути кој успеал да се спаси, успеал, горело многу брзо, изјави Јована за „Слободен печат“.

Официјално, причините за пожарот се уште не се познати. Во моментов трае увидот на лице место, по што надлежните ќе излезат со официјални информации.

loading...

sites to watch anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Fairy Tail (Dub)

Boruto: Naruto Next Generations Episode 226

free anime online Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

anime sites AnimeFreak Komi Can’t Communicate

AnimeFreak One Piece