(ВИДЕО) СМЕШЕН МОМЕНТ ОД ПРОШЕТКАТА НА РАМА, ЗАЕВ И ВУЧИЌ: НОВИНАРКАТА НА ПИНК ГО ПРАШУВА ЗАЕВ КАДЕ Е КАФИЧОТ ТРОПИКАНА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ВУЧИЌ БИЛ ПРЕД 30 ГОДИНИ, ЗАЕВ ВИКА ПОЈМА НЕАМ ЈА СУМ ОД СТРУМИЦА
(ВИДЕО) СМЕШЕН МОМЕНТ ОД ПРОШЕТКАТА НА РАМА, ЗАЕВ И ВУЧИЌ: НОВИНАРКАТА НА ПИНК ГО ПРАШУВА ЗАЕВ КАДЕ Е КАФИЧОТ ТРОПИКАНА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ВУЧИЌ БИЛ ПРЕД 30 ГОДИНИ, ЗАЕВ ВИКА ПОЈМА НЕАМ ЈА СУМ ОД СТРУМИЦА
БРАВО ОПШТИНА ЦЕНТАР - Уште два угостителски објекти во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава
БРАВО ОПШТИНА ЦЕНТАР - Уште два угостителски објекти во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава
Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Од тематската седница на Владата: Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ
Од тематската седница на Владата: Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ
ВУЧИЌ: ТИЕ ЗЕМЈИ ШТО ОДБИЈА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН ЌЕ ТРПАТ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ, СРБИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ПРИВЛЕЧАТ 90% ОД СИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА БАЛКАНОТ
ВУЧИЌ: ТИЕ ЗЕМЈИ ШТО ОДБИЈА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН ЌЕ ТРПАТ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ, СРБИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ПРИВЛЕЧАТ 90% ОД СИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА БАЛКАНОТ
ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ

БОМБА НА СПАСОВСКИ: ФОРМИРАВМЕ НОВА СПЕЦИЈАЛНА ЕДИНИЦА ВО МВР ЗА ФИНАНСИСКИ ИСТРАГИ, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ТОА СЕГА ИМА ИСТРАГИ ЗА 67 КРИМИНАЛЦИ И 15 ФИРМИ НА МАФИЈАШИ!

Интегрално обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на промоцијата на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023, која се одржа денеска во Клубот на пратеници

Почитуван Заменик на Претседателот на Владата, г-дин Николовски,

Почитуван Јавен обвинител на Република Северна Македонија, г-дин Јовески,
Ваши Екселенции,

Почитувани гости,

Дозволете ми на почетокот да ве поздравам и да го изразам своето задоволство од усвојувањето на новата Национална стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Како дел од активностите утврдени во „Планот за борба против корупција“ би сакал да го изразам своето уверување дека имплементацијата на наведената стратегија ќе придонесе кривичните истраги да резултираат со поголема конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне и ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Следејќи ги целите утврдени во наведената Стратегија, би истакнал дека сме насочени кон спроведување на меѓуресорски координирани финансиски истраги со цел идентификување и следење на приноси, имот и имотна корист во земјата или во странство, а кои ќе се спроведуваат паралелно со криминалистичката истрага. Единствено на овој начин, преку координиран пристап, со инволвираност на сите релевантни институции, може да обезбедиме нивна подоцнежна конфискација.

Во остварувањето на оваа цел, потребен е систематски приод кој ќе обезбеди зајакнување на капацитетите на националните институции, нивна координација во следењето на протокот на пари, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелегално стекнат имот. Тоа е, всушност, и главниот бенефит на наведената Стратегија, бидејќи проектира мерки за зајакнување на кадровските и институционалните капацитети на органите вклучени во финансиските истраги и конфискацијата на имот, но и за подобрување на меѓуресорската соработка.

Би сакал да подвлечам дека сме целосно посветени на градење на систем кој ја пренесува пораката дека криминалот не е исплатлив – и тоа со негово сузбивање преку ефективна идентификација, финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот или имотна корист. Нашите заложби се дотолку поголеми што успешноста на овој процес може да влијае врз зголемување на довербата на јавноста во државните институции.

Финансиските истраги во МВР се спроведуваат од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поточно од Единицата за финансиски истраги, како и полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција. Формирањето на посебната, специјализирана единица за водење на финансиски истраги во МВР беше еден од главните приоритети, но и бенефити од претходната стратегија. Наведената Единица, формирана во 2020 година, веќе успеа да се етаблира и да испорача конкретни и видливи резултати. Во овој момент, како резултат на активностите на оваа Единица се водат финансиски истраги против 67 физички и против 16 правни лица. Меѓутоа, би сакал да посочам дека тоа се финансиски истраги кои се спроведуваат паралелно со криминалистичката истрага. И додека криминалистичката истрага има за цел прибавување на докази за утврдување на вината на лицата инволвирани во недозволените активности, финансиската истрага е насочена кон пронаоѓање и обезбедување докази за видот и висината на имотот, имотната корист и приносите прибавени со кривичните дела. Најголем дел од отворените финансиски истраги се поврзани со недозволена трговија со дрога и криумчарење на мигранти, но и со кривични дела поврзани со тероризам и злоупотреба на службена положба.

Анализирајќи ја моменталната состојба, констатирана е потреба од институционално и кадровско зајакнување на нивните капацитети, што е основен предуслов за ефикасни финансиски истраги. Оттука, во наредниот период нашите активности ќе бидат насочени кон просторно и материјално-техничко опремување на Единицата за финансиски истраги, како и материјално и техничко опремување на регионалните сектори за внатрешни работи, кои делуваат на локално ниво.

Со формирањето на посебните специјализираните единици за водење на финансиски истраги во Министерството за внатрешни работи, Финансовата полиција и Царинската управа се наметна потребата од унифицирање на нивниот начин на работа, секако задржувајќи ги спецификите на секоја од институциите. Овој процес ќе го реализираме преку донесување, односно усогласување на стандардните оперативни процедури за водење на финансиски истраги во наведените институции, што секако, ќе придонесе кон поефикасна меѓуагенциска соработка. Министерството за внатрешни работи има донесено стандардни оперативни процедури уште од 2013 година, но подготвени сме да ги менуваме, да ги дополниме во насока на нивно усогласување со другите институции и создавање на унифицирани правила.
Создавањето на високопрофесионален, обучен и мотивиран кадар за водење на финансиски истраги верувам дека е вистински предизвик и за земјите членки на Европската Унија. Ние тоа ќе го постигнеме преку предвидување на построги критериуми за работа во наведените единици, кои ќе настојуваме да ги унифицираме меѓу вработените во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Финансовата полиција. Освен тоа, посветени сме на градење на интегриран и интердисциплинарен систем на обуки, во кој ќе бидат вклучени претставници од наведените институциите. Ценам дека обезбедувањето на системски приод во однос на специјализирани и интердисциплинарни обуки ќе придонесе кон јакнење на меѓусебната доверба, но и подобра координираност и меѓусекторска соработка. На овој начин ќе создадеме кадар кој ќе биде на исто ниво на знаење, искуство, работни компетенции, вработени кои ќе работат по исти правила, но и кои ќе бидат мотивирани да се фатат во коштец со најсофистицираниот дел од организираниот криминал: следење на текот на парите и имотот.

Еден од главните бенефити на наведената Стратегија е развивањето на меѓуинституционалниот пристап, кој се согледува преку дефинирање на конкретни мерки за истовремено, паралелно јакнење на капацитетите на сите институции надлежни за водење на финансиски истраги и конфискација на имот. Нашата заложба за јакнење на меѓуинституционалната соработка се рефлектира и во определеноста во текот на оваа година да формираме и заеднички, меѓуагенциски тим за водење на финансиски истраги, кој ќе биде под раководство на Јавниот обвинител. Со вклученоста во меѓуагенцискиот тим, неговите членови, вклучувајќи ги и претставниците од Министерството за внатрешни работи, ќе имаат можност за навремено и целосно добивање информации за одделни финансиски истраги, но и одбегнување на преклопување во постапувањето. Длабоко сум убеден дека на овој начин ќе ја развиеме и унапредиме тимската табота, а со тоа ќе придонесеме кон зајакнување на меѓуинституционалната доверба, соработка и координација.

Притоа, на овој процес му претходеше детална анализа на националното законодавство, но и на релевантните меѓународни прописи. Почитувањето на меѓународните стандарди и препораки во однос на спроведувањето на финансиските истраги е еден од основните приниципи врз основа на кој се темели оваа стратегија. Тргнавме од фактот дека е неопходно законот да ја идентификува финансиската истрага како активност што се презема паралелно со криминалистичката истрага. Како резултат на извршената анализа, се наметна потребата од унапредување, односно измена на казнено-правната рамка за водење на финансиски истраги, но и изменување и дополнување на нашите матични закони, вклучувајќи го и Законот за внатрешни работи. Следејќи ги искуствата на земјите членки, ќе го измениме и Законот за внатрешни работи со предвидување на одредба со која ќе се предвиди процент од конфискуваниот имот во постапка во која учествувало МВР да биде вратен во Буџетот на МВР. Наведените средства ќе бидат искористени за јакнење на капацитети на службите во Министерството кои се надлежни за водење на финансиски истраги.

Досегашното искуство нѐ уверува дека ефективната финансиска истрага претпоставува надлежните органи вклучени во финансиската истрага да имаат можност да добијат целосна финансиска слика за осомничените физички и правни лица и нивните блиски роднини и други со нив поврзани лица. Оттука, императив е да се овозможи што поширок пристап до државните бази на податоци за истражителите, приоритет кој ќе го оствариме преку зголемено користење на Платформата за интероперабилност. На овој начин истражителите ќе имаат безбеден начин за пристап и размена на информации, обезбедувајќи заштита на личните податоци согласно домашната правна рамка. Затоа, сите органи и институции коишто се упатени на размена на податоци со други органи за потребите на финансиските истраги и истражувања ќе се насочат кон активно користење на Националната платформа за интероперабилност, со цел размена на информации на системски, едноставен, безбеден и функционален начин.
Во дефинирањето на идните мерки и активности кои се содржани во Стратегијата, покрај придонесот и посветеноста на националните институции, беше користена и експертизата на домашни и странски експерти, чија поддршка беше обезбедена преку Глобалната програма за борба со нелегалните финансиски текови на ГИЗ. Во тој контекст би сакал да изразам благодарност за нивната поддршка.

Дозволете ми на крај да ја истакнам посветеноста за исполнување на обврските утврдени во наведената Стратегија и испорачување на конкретни и видливи резултати, како најјасен индикатор дека таа се имплементира во пракса.

Ви благодарам.

loading...

AnimeFLV: Legend of the Galactic Heroes anime episode 110 online free at https://animeflv.uk stream anime online

Website https://animekisa.in: Watch Aggretsuko 2nd Season (Dub) animekisa Episode 10 dubbed anime

Website https://animebee.to: Watch Pororo: The Racing Adventure (Dub) animebee Episode Full english anime

Wefunder: https://wefunder.com/animeflixnl

Instapaper: https://www.instapaper.com/p/9171493

Forum fastcap: https://forum.fastcap.com/profile/animefreakws/