Најдобро е Заев да остане и во Владата и во партијата, тој е сврзно ткиво во СДСМ и во коалицијата.
Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт „едно општество за сите“ има потреба од Заев. Тој ги обединува структурите и во партијата и во коалицијата.
Ние утре имаме седница на Извршниот и на Централен одбор и ќе разговараме за ова прашње. Да направиме се да се стабилизира парламент мнозинство. На државата не и се потребни турбуленции и побаравме претседателот на некој начин да ја стави во мирување оставката. Сега ќе видиме што е постигнато, што да се преземе во наредниот период. Ако се одлучи во партиските органи избор на нов лидер, тоа ќе се организира во наредниот период.
Најважно е одржувањето на Владата и резултати кои ќе бидат препознаени од граѓаните.