Албански „Топ Чанел“ објави статија за последните случувања во Македонија, каде што, повикувајќи се на сознанијата на БИРН, премиерот Зоран Заев и коалицикиот партнер Али Ахмети се пред можност да направат мнозинство од 65 пратеници.
Ситуацијата со неможноста опозицијата да обезбеди кворум во четвртокот ја зајакнува позицијата на Заев, вели БИРН. Кастриот Реџепи, кој се одметна од Беса, треба да премине во редовите на владата.
Очекувањата сега се малата албанска партија Алтернатива да и се приближи на владејачката коалиција, со што мнозинскиот број ќе достигне 64, а можеби и 65 пратеници во 120-члениот парламент на Северна Македонија, пишува Топчанел.