Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е трансферна цел на Барселона за зимскиот преоден рок, пренесе популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“.
Според Шпанците, Барселона е силно загреана за ангажман на 27-годишниот македонски голман кој има феноменална година во дресот на Рајо Ваљекано и македонската репрезентација.
Согласно најавите, каталонскиот тим подготвува понуда за Рајо Ваљекано уште оваа зима. Барселона го посакува Димитриевски како замена за Нето, а во тимот секако останува Марк Андре Тер-Штеген.