Браво за агилниот директор на Скопје ЗОО, Ѓорѓи Галетановски кој многу се труди и воведува нови интересни атракции во скопската зоолошка.
Најновиот проект кој ќе започне овие денови е реновирањето на живеалиштето на мечките кое не е реновирано 60 години. Тоа се наоѓа во централниот дел на зоолошката и проектот ќе чини 50 000 евра, пари обезбедени од донатори.
Навистина одлична вест, ова доаѓа по изградбата на новите живеалишта за слоновите, шимпанзата, пингвините, Дино Паркот со макети на диносауруси, Бејби Зу – наменета за мали деца со мали животни итн итн…
Честитки од Мактел за овие залагања на менаџментот на Скопје Зоо!