Мактел од извори во владата дознава дека она што денеска крена голема прашина во јавноста, предлог законот за скратено работно време на администрацијата во петок, нема да помине на седница на влада.
– Се работи за предлог идеја на поединци која нема широка поддршка во владата и затоа нема да помине на влада и нема да отиде како предлог во собранието. Јавноста да биде спокојна, владата се бори за недела неработен ден, но во работни денови сите треба да работиме во полно работно време затоа што само така ќе постигнеме повисок животен стандард. – велат нашите извори во владата.