Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
УЖАС, СО ВАКВИ ПРОТЕСТИ ПАК СЕ КРЕВА ЖЕЛЕЗНАТА ЗАВЕСА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА - Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска“
УЖАС, СО ВАКВИ ПРОТЕСТИ ПАК СЕ КРЕВА ЖЕЛЕЗНАТА ЗАВЕСА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА - Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска“
Приведен крадец во Штип, одземеното вратено на сопственикот, Претрес во скопско, приведено едно лице
Приведен крадец во Штип, одземеното вратено на сопственикот, Претрес во скопско, приведено едно лице
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството
Зеленски: Војната со Русија ќе биде крвава, но ќе заврши на преговарачка маса
Зеленски: Војната со Русија ќе биде крвава, но ќе заврши на преговарачка маса
БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
ФЕРО ИНВЕСТ ВО СООПШТЕНИЕ ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОТОНАПОНСКАТА ЦЕНТРАЛАТА ВО ОСЛОМЕЈ, ВЕЛАТ ДЕКА ИРЛ ГИ КЛЕВЕТИ БЕЗ ДОКАЗИ, ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ИРЛ ТВРДАТ ПОИНАКУ, ОБЈАВУВААТ И ДОКУМЕНТИ ЗА КОИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ДОКАЗИ ДЕКА ФЕРО ИНВЕСТ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЦЕНТРАЛАТА
ФЕРО ИНВЕСТ ВО СООПШТЕНИЕ ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОТОНАПОНСКАТА ЦЕНТРАЛАТА ВО ОСЛОМЕЈ, ВЕЛАТ ДЕКА ИРЛ ГИ КЛЕВЕТИ БЕЗ ДОКАЗИ, ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ИРЛ ТВРДАТ ПОИНАКУ, ОБЈАВУВААТ И ДОКУМЕНТИ ЗА КОИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ДОКАЗИ ДЕКА ФЕРО ИНВЕСТ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЦЕНТРАЛАТА
Петков бара Радев да свика Совет за национална безбедност за Македонија
Петков бара Радев да свика Совет за национална безбедност за Македонија

БОМБА ВО СУДНИЦА: ПО 5 ГОДИНИ ОД ОБЈАВУВАЊЕТО НА БОМБИТЕ НА ЗАЕВ, МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ ПРИЗНА ДЕКА СЕ ВИСТИНСКИ, НЕ СЕ КРЕИРАНИ, МОНТИРАНИ, ЛЕПЕНИ И СЕЧЕНИ

Поранешниот министер Миле Јанакиески, денеска за прв пат во судница го смени своето вообичаено место на седење, односно не седна на обвинителна клупа, туку застана на пултот за сведоци.

Тој беше повикан за сведок на обвинителството, а за случајот “Плацевите на Водно”, односно за тајниот имот на неговиот некогашен шеф Никола Груевски.

Јанакиески посочи дека сега е невработен, а рече дека од 2006 до 2015 година бил министер за транспорт и врски.

Јанакиески во своето сведочење директно не го разоткри Груевски, односно дека парцелите ги меркал за себе, но индиректно ги потврди разговорите и деталите од објавените “бомбите” каде што се откриваат градежните лични апетити на екс премиерот.

ЗА ЗЕМЈИШТЕТО НАД КАТОЛИЧКА МЕ КОНТАКТИРАШЕ АЛЕК

На прашањето на обвинителката Лиле Стефанова дали на Јанакиески му е позната фирмата ИТК Инженеринг, која купила земјиште на Водно, рече дека како министерство имале склучено договори со 100-на правни лица кои купиле земјишта на јавно наддавање. Според обвинението, пак, на ова земјиште Груевски сакал да гради барокна хациенда.

-Договор беше склучен и со оваа компанија за изградба на семејна куќа на потегот на Водно, и од таму ми е позната оваа компанија, рече Јанакиески.

На прашањето дали некој контактирал со него за време на процедурата на јавното наддавање рече:

-По ништо не се разликуваше од другите процедури за јавно наддавање. Се расчистуваа локации со цел да одат на јавно наддавање, а информациите ги добивавме преку градоначалниците. За ова земјиште ме контактираше Александар Ивановски -Теранова, и ме прашуваше за законската постапка. Му објаснив кои се законските одредби за постапката за јавно надавање. Тогаш новина беше електронскиот систем за јавно надавање, бидејќи претходно се вршеше физички, па голем број на заинтересирани не прашуваа како е процедурата и во таа насока ме контактираше и Ивановски, сведочеше Јаканиески.

Обвинителката побара од Јанакиески да даде детали за парцелата.

– Локацијата се наоѓаше над резиденцијата над Католичката црква, таму имаше 3-4 слободни локации. Беше од 3.000 до 4.000 метри квадратни, а другите беа од 1.000 до 2.000 метри квадратни, рече Јанакиески.

ЈАНАКИЕСКИ: ГРУЕВСКИ МИ БАРАШЕ АРХИТЕКТИ

Обвинителката Стефанова го праша и дали за истата локација по завршување на процедурата го има контактирано и распрашувано друго лице?

-Многу често тогашниот премиер Никола Груевски за многу објекти ме прашуваше за архитекти, урбанисти. Се работеше и за локации и за државно и приватно земјиште, но и за оваа локација. Ме имаше контактирано и за локацијата кај зградата Пегла. Јас му предложив неколку архитекти за да изработат проектот, рече Јанакиески.

На прашање на обвинителката, дали Груевски имал и други прашања, тој појасни дека преку Комитетот за градежна експанзија често се презентирале инвеститори и земјишта за да бидат ставени во функција.

-Тој ме замоли да анимирам потенцијални инвеститори доколку се спремни да вложат во оваа локација, појасни Јанакиески.

Тогаш обвинителката го праша што точно требало да провери за оваа локација и да му каже на Груевски?

– Како и за многу локации така и за оваа се изготвуваше почетна или пазарна цена и колку што се сеќавам за оваа локација беше околу 400 евра и потоа се анимираа разни заинтересирани инвеститори. Остварив средба со еден, па со друг стопанственик, и ги упатував или кај Алек или во правното друштво. Но, што се случило понатаму не ми е познато до ден денес, рече сведокит.

Од кои причини за прашањата што го интересираа Груевски, му ги давате на Алек, го праша обвинителката Стефанова?

– Бидејќи знаев дека тој е сопственик на земјиштето, без да учествувам во договори- преговори, го известив Ивановски или неговиот адвокат, не се сеќавам, дополни Јанакиески.

На прашањето дали го познава стопанственикот Илија Гечев, Јанакиески одговори потврдно.

-Да, тој е познат стопанственик, и зборев со него и за и инвестирање на оваа локација. Гечев дојде на мое барање. Ме замоли Груевски да анимирам потенцијални инвеститори, знаејќи дека е економски добро ситуиран. Подоцна што се случи не знам, рече Јанакиески.

Тој додаде дека за оваа локација подоцна имало издадено одобрение за градење, а на прашање дали некој побарал да се пролонгира рокот за градење, Јанакиески појасни:

– За оваа локација, но и за 100-на низ Македонија, се склучија идентични анекси, бидејќи со измени на Законот за градежно земјиште во 2012 година се пролонгираше рокот за градење. Оние кои градеа не може да ги стигнат роковите. Така да имаше и анекс за компанијата ИТК Инженеринг. Беше голем хаос во министерството бидејќи доаѓаа од компаниите, а и Груевски во една прилика ме запраша како оди процесот и ме праша и за оваа локација е склучен договор за анекс. Но без разлка дали прашал или не, моравме по сила на закон да потпишеме анекс на договор. И Алек ме контактираше за анексот, но и многу други, рече Јанакиески.

ГРУЕВСКИ “МАРКИРАЛ” И ДРУГИ ПАРЦЕЛИ НА ВОДНО

Стефанова го праша сведокот и дали Груевски има разговарано со него за друго земјиште лоцирано на Водно.

-На комитетот за градежна експанзија, кој го водеше Груевски, покрај другите разговори за земјишта, сме збореле и за земјишта во рамките на Водно, рече Јанакиески.

Обвинителката инсистираше на детали, па го допраша дали зборувале за земјиште на место викано Шербетница, а Јанакиески рече дека од медиумите слушнал и се пристил дека едно од земјиштето било во тоа место.

-Дискутиравме во однос на урбанизацијата, колку што се сеќавам. Му објаснував за законските аспекти како може да се урбанизира едно земјиште, од аспект на големина на парцела, намена на парцела. Конкретно дискутиравме како е постапката за урбанизација на куќи, како може да се подели на повеќе парцели…Тогаш во фаза беше изготвување на Генералниот урбанистички план, кој се носи на 10 години, рече Јанакиески.

Токму за ова цепкање на парцели Груевски и Јанакиески зборуваат во “бомбите”, а обвинителството ги протолкува како начин Груевски да ги сокрие парцелите.

Дали прашањата беа општи или за конкратно земјиште, следуваше наредното прашање на обвинителката Стефанова?

-Дискутиравме и за делови од Водно, и конкретно прашањето беше каква е процедурата доколку некое земјиште е надвор од ГУП, може да стане дел од опфатот.

Обвинителката го праша и која беше големината на земјиштето и каде точно се наоѓа?

-Големината беше околу 11.000 метри квадратни, а прв пат видов каде се наоѓа кога за време на викенд преку комитетот посетувавме општини. При една работна посета точно ја видов парцелата која треба во иднина да влезе во Генералниот урбанистички план, рече поранешниот министер.

За тоа кој му го посочил местото од 11.000 метри квадратни за кои се интересираше Груевски, сведокот одговори:

-При таа посета лично присуствуваше Никола Груевски и беше зборено таа парцела да биде дел од ГУП-от, рече Јанакиески.

Тој призна и дека со Груевски разговарал и за тоа на колку делови можело да се подели земјиштето.

-Неговите прашања беа колку градежни парцели може да има, која би била намената, маркицата…, рече Јанакиески, кој всушност и потврди дека овој разговор го водел со Груевски и преку телефон, а кој беше објавен со “бомбите”.

Обвинителката го праша дали во тие разговори Груевски му има посочено чие било земјиштето.

-Лицето од Катастар директно на лаптоп проверуваше чие е, и беа неколку приватни сопственици, рече Јанакиески.

БАРАЛ КУЌА СО ВИДИКОВЕЦ ВО КРУШЕВО

На прашање дали Груевски се интересирал за државни земјиште во Крушево, Јанакиески рече:

-Од она што можам да се сетам е дака Груевски за некој пријател ме замоли да препорачам архитект, па му го посочив Александар Јанакиевски и неговата жена која беше проектант. Таму мислам требаше да се нацрта куќа со видиковец. Го замолив Александар да изготви таков проект за куќа, ама што стана понатаму навистина не знам, рече Јанакиески.

На прашањето, дали му кажал Груевски како треба да изгледа куќата и видиковецот, екс министерот рече:

-Колку што се сеќавам ме праша, но рече дека е за негов пријател, рече сведокот.

Судењето е во тек.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.

Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao My Hero Academia Season 3 Episode 18

AnimeDao The Rising of the Shield Hero (Dub)

Your Name. Episode Full

free anime Naruto (Dub)

AnimeDao SK8 the Infinity (Dub) Episode 6