Во четврток (9-ти декември) на скопскиот аеродром и во воздушниот простор над главниот град ќе се организира активност со цел да се демонстрира начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.
За време на оваа активност граѓаните ќе можат да се запознаат и да сведочат на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознае со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.
Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.