Борел: Не можам да ви ветам датум, но ова е момент за будење на Европа

Ова е момент за будење на Европа. Процесот на проширување со земјите од Западен Балкан треба да заживее, но освен надеж дека што поскоро би требале да започнат претпристапните разговори со Северна Македонија и Албанија во ЕУ, сѐ уште нема конкретен датум кога би бил постигнат напредок во преговорите. Ова се пораките по денешната посета на потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел на Скопје. Северна Македонија е првата станица на неговата турнеја на Западниот Балкан. Според високиот гостин, посетата доаѓа како „одговор на еден варварски напад од Путин којшто се одвива врз луѓето на Украина, врз воените објекти и цивилите“.

Посветеност и поддршка

Токму поради руската инвазија на Украина, која трае веќе 17 дена, а последиците од неа се страотни, Борел вели дека посветеноста на Северна Македонија кон вредностите на ЕУ, нејзината поддршка и осудата на руската агресија, ја става земјата на патот кон Европа – не само како кандидатка за членка на ЕУ, туку и како одговорена членка на меѓународната заедница.

„Северна Македонија и целиот регион се стратешки приоритет за нас и решени сме европската перспектова да ја направиме реалност. Разбирам дека имате одредени очекувања и со право. Мојот став е дека треба да почнеме што поскоро со формални разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека тоа ќе се случи на идната конференција“, порача Борел на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

Тој ја поддржува засилената динамика и ги поддржува разговорите со Бугарија, со цел решавање на билатералните прашања. Во истовреме Борел бара да продолжат и реформите во земјата, што ќе овозможи брз прогрес кон преговорите. „Не можам да ви ветам датум, но можам да ви ветам волја. А, таму каде што има волја, има и начин“, дециден е Борел.

Јасна перспектива

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека македонската визија за Балканот во 21 век е напреден регион интегриран во Европа, каде иднината и развојот никој веќе не ги доведува во прашање. „Неопходно е земјата да има јасна перспектива во ЕУ“, вели Ковачевски. Според него, проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од стратешко прашање, особено по војната меѓу Русија и Украина.

Жозеп Борел Скопје Димитар Ковачевски
Каде што има волја, има и начин, порача од Скопје, Жозеп Борел

„Како никогаш досега се јавува потребата Европа да биде обединета. Ситуацијата меѓу Русија и Украина станува сѐ поалармантна, сите членки мора да делуваат. Единствено Европа која е обединета може да биде силна Европа. Сите мора да најдеме начин како да ги надминеме предизвиците коишто стојат пред нас“, вели Ковачевски. Укажувајќи дека мора да бидеме подготвени на сценариото дека и трети страни можат да бидат инволвирани во конфликтот, тој апелираше дека се потребни забрзани процеси на интеграција во ЕУ.

Нови санкции

Борел во Скопје се осврна и на ситуацијата во Украина, укажувајќи дека војната на Путин не се однесува само на Украина, туку дека се работи за непочитување на меѓународното право и принципите, како и за стабилноста и безбедноста на Европа. „Ние мора да зборуваме со идните членки на ЕУ, како што сте вие, да зборуваме и да го кренеме гласот за да ставиме крај“, рече Борел. Тој најави усвојување на четврти пакет санкции, којшто ќе опфати нови мерки против Русија и нејзиниот пристап до пазарот, криптовалути, извоз на луксузни стоки и кон челичниот сектор.

Борел изутрината имаше средба и со претседателот Стево Пендаровски кој неговата посета на Северна Македонија и на регионот ја оцени како потврда за посветеноста и поддршката на ЕУ за Западниот Балкан, особено во светло на новата геополитичка реалност во Европа.

Ова е прва официјална посета на Борел на Северна Македонија, како висок претставник на ЕУ, во чии рамки ќе оствари повеќе средби. Според најавите од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Борел ќе разговара и со лидерите на опозициските партии, а ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младинските организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа. Посетата на Скопје е дел од турнејата низ Западен Балкан во рамки на која ќе ги посети и Албанија и БиХ.

tải sunwin

sun win

sunwin

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin apk tải sunwin apk