Видеото што беше објавено на страницата „Струмица онлајн“ ја вознемири јавноста. На снимката се гледа како поголема група луѓе со палки и тупаници тепаат еден маж.
Во инцидентот се повредени 2 лица, нанесени им се телесни повреди, но животите не им се загрозени.
Пред снимената тепачка , претходела и друга пресметка која започнала уште во казиното а која била иницирана поради тоа што еден од учесниците вознемирувал вработена во казиното, но и поради навреди на етничка база врз двајцата подоцна претепани жители на селото Баница.
Во моментов се прибираат и другите снимки од видео камерите за целосно да се расветли случајот.
Меѓу повиканите во полицијата за да даде исказ е и девојката која била вознемирувана.