(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!

КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!

БРАВО – 34 семејства ќе добијат покрив над глава: Почна со градба трета социјална зграда во Кочани

Во Кочани се гради трета по ред социјална зграда која ќе обезбеди покрив над глава на 34 семејства од социјално ранливи категории граѓани. Инвестицијата изнесува речиси 1 милион евра, а треба да биде завршена за 18 месеци.

Генералниот директор на АДИССДП, Кристијан Трајковски, кој заедно со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изврши увид во почетокот на градежните работи, рече дека се надева дека и оваа како многу од претходните згради ќе биде завршена пред зацртаниот термин.

Тој најави и изградба на социјални згради и во наредниот период.

– Веќе е започната и изградбата на социјалната зграда во Пехчево, а до крајот на месецот се очекува да се започне со изградба и на објектот во општина Сарај. Двете згради, кои ги најавивме претходно, во Прилеп и во Штип, за кои веќе се доставени сите проектни документации, очекувам во месец октормври да започнеме со изградба и со нивното завршување го заокружуваме проектот Ф/П 1674 – рече Трајковски.

Тој информира дека во октомври по завршувањето на зградите ќе се потпише нов проект со Банката за развој при Советот на Европа, кој треба да обезбеди изградба на објекти од овој тип на уште 20 локации.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, истакна дека по изградбата на зградите ќе се распише и оглас за распределба на становите.

– Овој објект на кој денеска се наоѓаме е соработка меѓу АДИССДП и Министерството за транспорт и врски. И не само овде во Кочани, ги завршивме и зградите во Виница и Пробиштип, Свети Николе и Гостивар и откако ќе бидат комплетирани сите административни постапки ќе распишеме и јавни огласи за распределба на овие станови -рече Бочварски.

loading...