Граѓаните на Струмица ги избраа трите најприоритетни проекти за идната буџетска година
Граѓаните на Струмица ги избраа трите најприоритетни проекти за идната буџетска година
МАРИЧИЌ: Честитки за 15-годишното постоење на Академијата за судии и јавни обвинители, таа е изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите
МАРИЧИЌ: Честитки за 15-годишното постоење на Академијата за судии и јавни обвинители, таа е изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив
Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив
ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“

БРАВО – БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД БРАТСКА БУГАРИЈА: Затворот во Идризово го пречека Игор Спасов, бегалецот заврши зад решетки

По бегство од една година и три месеци и еден месец поминат во екстрадициски притвор во Бугарија, бегалецот Игор Спасов штотуку влезе во затворот во Идризово. Бегалецот Спасов е ектрадиран и спроведен во најголемиот затвор во државава со силно полициско обезбедување. Министерството за правда побара екстрадиција на бегалецот Игор Спасов од бугарските власти и откако бeше комплетирана целата документација, беше одобрена екстрадиција на Спасов.

Директорот на затворот, Јовица Стојановиќ за МКД.мк вели дека и за Спасов како и за останатите кои доаѓаат во затворот, ќе важат истите правила за заштита од ковид-19. Тој ќе биде во 14 дневна изолација, но поради бегството ќе му бидат ограничени правата и нема да може да добие викенд отсуство.

„По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата. Барањето за екстрадиција на 10.02.2021 го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ“, соопштија денес од Министерството за правда.

По периодот од 14 дена, бегалецот Игор Спасов ќе биде префрлен во затвореното одделение во затворот во Идризово.

За сега во затворот во Издризово нема ниту еден осуденик заразен со ковид-19, а директорот Стојановиќ вели дека максимално се внимава на мерките за заштита од заразата, односно со карантини за оние осудени лица кои влегуваат во затворот, како и строги мерки при посетата на осудените лица.

Игор Спасов кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски беше фатен на 1 февруари во Софија, во стан во областа Младост во главниот град. Бугарската полиција добила сигнал дека тој се крие таму, по што интервенирала и го уапсила.

Според информациите оттаму, Спасов во полиција за семејно насилство го пријавила неговата љубовница во чиј стан и живеел.

Спасов побегна од земјава откако со медицинската документација што ја поднесувал до судот од август 2018 година, со здравствените причини го оправдуваше своето отсуство и не се враќаше затворот „Идризово“.

Од денес па натаму тој ќе продолжи со издржување на затворската казна за убиството на Нешковски. Тој има досега отслужено шест години затвор.

Името на Игор Спасов недостасуваше во листата на бегалци од акцијата со истото кодно име „Бегалец“. До сега во оваа акција МВР на издржување на затворска казна спроведе преку 500 осудени лица.

За екстрадицијата на Спасов, се направи договор за преземање на осудениот од договорено место на кое лицето се предава на македонската полиција, која под силни мерки на безбедност го спроведе во затвор за доиздржување на затворската казна. Овие трошоци паѓаат на товар на Буџетот на Македонија.

Полицискиот поранешен специјалец тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.

Спасов тврдеше дека на плоштадот бил службено и дека последен пат кога го видел Нешкоски тој бил жив.

Пред судот раскажа дека не го познавал Нешкоски и дека немал никаков мотив за да го убие.

Тој не негираше дека го удрил Нешкоски, но не со тупаници и шлаканици, туку само со клоци по половината, бидејќи мислел дека момчето симулира дека е во бесознание.

Откако се обидел да го крене од земја, сфатил дека момчето ја загубило свеста, па зел вода, го испрскал и му удрил неколку шлаканици за да го освести. Во меѓувреме таму дошле двајца униформирани полицајци и обезбедувач од фестивалот Баскерфест”.

Поранешниот припадник на полициските тигри Игор Спасовски неколку пати беше на распит кај обвинителите на СЈО, каде што се водеше предистражна постапка за овој случај.

За бегството на Спасов во ОЈО се води истрага која трае веќе една година и 4 месеци и е без епилог. Последниот пак кога МКД.мк испрати прашање до Обвинителството до каде е истрагата за бегството на Спасов, од таму не добивме никаков одговор.

Прашања за истото испративме и денес со потсетување дека според Член 8 став 1 од Законот за јавни обвинители, Јавното обвинителство е должно да ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува, особено ако се од таква природа што предизвикуваат поширок општ интерес во јавноста или се од значење за остварување на функцијата на јавното обвинителство заради заштита од криминални или други противзаконски дејствија и чекаме официјален одговор за бегството за Спасов, по што ќе ја информираме јавноста.

loading...