Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

БРАВО ДЕЦА, ВАКА ДА ПРОДОЛЖИТЕ – Mакедонците растурија на олимпијадата за природни науки во Дубаи

Македонските учесници на Јуниорската олимпијада по природни науки

Резултатот на македонските учесници на 18-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи, е 6 од 6. Нема наш учесник без медал, а еден заслужи сребро. Освојувачот му се радува на медалот, а професорот вели дека потенцијалот го имаме, но треба промоција за уште подобри резултати.

Сите шест македонски учесници на 18-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа во Дубаи од 12. до 21. декември, собраа медали. Пет од нив се бронзени, а еден е сребрен – заслужен од Алексиј Тасиќ, ученик во прва година во ПСУ „Јахај Кемал“ во Скопје. Поради пандемијата, учениците ги решавале проблемите на далечина, од скопска адреса.

„Интересно ќе беше ако бевме таму во живо, да ги разгледаме нивните музеи, пустината… Но, не ми пречеше и што останавме тука. Мислам дека вака беше помалку стресно, иако така би запознале нова култура. Доста интересно ми беше тоа што за прв пат во натпревар работев експерименти“, изјави за РСЕ добитникот на средбрениот медал, Тасиќ.

Средношшколецотт вели дека најмногу е по математиката, а од природните науки посебно го влече физика. Локалните и регионалните натпревари му се познат терен, а медалот од ова светско натпреварување посебно му значи бидејќи е добиен во силна конкуренција и по обемна и долга подготовка со професорите.

Македонската младина и природните науки

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД), од 2017 година испраќаат македонски ученици на оваа Олимпијада. Според претседателот на ДФРМ, професорот Ламбе Барандовски, успехот на нашите ученици оваа година е уште поголем, бидејќи во конкуренција од вкупно 59 држави и 360 ученици, дури 13 земји не успеале да освојат ниту еден медал.

„Постои разлика помеѓу натпреварите кои секојдневно ги гледаме на телевизиите, односно спортските натпревари и меѓународните олимпијади по различни науки, со оглед на фактот што натпреварите кои се спортски не придонесуваат за развој на науката, за развој на човештвото, за развој на младите личности во луѓе кои ќе придонесат кон решавање на различни проблеми кои постојат во светот, додека ваквите натпревари и тоа како помагаат во создавањето на идните научници, доктори, инженери од кои се очекува да се фатат во костец со најголемите проблеми кои го оптоваруваат човештвото денес“, изјави Барандовски за РСЕ.

Барандовски вели дека Македонија како мала држава со ограничени ресурси единствено би требало да научи односно да знае дека може да се потпре на интелектуалниот потенцијал на младите во различни области, односно различни науки.

„Скоро сите златни медали, ако ја исклучиуме Русија, заминаа во држави од Далечниот Исток, односно во држави каде се посветува посебно внимание на изучувањето на природните науки, односно тие се изучуваат со поголем фонд на часови во текот на седмицата, во основното образвание. Тоа се држави каде физиката, биологијата и хемијата се изучуваат како одделни науки, а тоа би било да речеме спротивно на тенденцијата која се обидува да се протурка од страна на Министерството за образование и наука – во основното образование трите природни науки да се спојат во еден предмет кој би се нарекувал природни науки. Она што сакам да го кажам е дека поголем успех во изучувањето на науките кај младите луѓе се забележува во државите каде што овие предмети јасно се изучуваат одвоено во основното образование“, истакна проф. д-р Барандовски.

Професорот вели дека потенцијалот е тука, но треба поголема промоција за уште поголеми резултати.

„Кога ќе се земе предвид колкава е бројната вредност на државата и бројната вредност на жителите во Индија јасно е за што станува збор, меѓутоа кога ќе се земе исто така предвид како некои развиени држави како Канада, колку вложуваат во образованието и колку се вложува кај нас или се вложувало во текот на голем дел од времето по осамостојувањето, апсолутно сметам дека потенцијалот е тука и само повеќе работа, повеќе промоција би довело до уште поголеми резултати“, додава професорот.

Како науката да дојде поблизу до младите?

Барандовски истакна дека натпреварите по физика, биологија и хемија имаат долга традиција во земјава и ги промовираат овие науки меѓу младите, а настаните се користат како шанса за доближување на науката до нив. Освојувачот на сребрениот медал, Тасиќ, би додал експерименти во наставната програма.

“Мислам дека убаво би било децата да работат повеќе експерименти во училиште. По физика може да се изведат некои поедноставни експерименти, бидејќи само ден предмет е доволен за да се направи тој експеримент колку сакаме пати, за разлика од хемија каде константно се потребни нови материјали. Децата треба од мали да се запознаат со природните науки“, вели средношколецот Тасиќ.

Македонските учесници на Олимпијадата се ученици кои биде дел од општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија. Од оние кои се покажале најдобро, преку два селекциони натпревари бил составен тимот од шестмина. Годинешниот резултат е продолжување на традицијата на освојување на медали на оваа Олимпијада, бидејќи на минатата, која се одржа во Доха, Катар во 2019 година учениците од Македонија освоија 5 медали.

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

watch anime online WONDER EGG PRIORITY

AnimeHeaven So I'm a Spider, So What? Episode 17

anime online Horimiya (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

Naruto: Shippuden Episode 495