КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!

БРАВО – ДО 500 ЕВРА КАЗНА АКО НЕ ВИ ИЗБРИШАТ ДОЛГ: Законот за отпис на камати ќе се носи по скратена постапка

Премиерот Зоран Заев го најави на голема врата, а сега стигна и пред народните избраници. Предлог Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19 треба да уреди како ќе се отпишуваат пресметаните камати по основ на долгови на граѓаните кон државните органи и јавните институции, како и даночните долгови, но и како ќе се репрограмира главниот долг и трошоците.

Претставници на овој закон се министрите за правда и за финансии, Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими, како и вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи. Како што е познато, ова законско решение се носи како дел од петтиот пакет економски мерки.

Главна цел на овој закон е да им се даде еднократна помош на граѓаните, за решавање на проблемот со задоцнето плаќање на долговите.

Овој закон, како што навеле од Владата, ќе се носи по скратена постапка.

Како што навеле во самиот закон од Владата, овде ќе влезат физичките лица кои се државјани на земјава и кои не се регистрирани како вршители на дејност, односно трговец поединец, а кои се јавуваат како должници пред државните органи и јавните институции, односно имаат обврска за плаќање на данок или друг вид јавна давачка во смисла на Законот за даночна постапка.

Додека, пак, ќе се репрограмираат и ќе се отпишуваат камати на долгови кон државните органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и јавните претпријатија основани од државата, односно основани од општините, кои по основ на сопствената евиденција имаат побарувања од физичките лица.

Како долгови ќе се сметаат оние обврски кои настанале заклучно со денот на влегувањето во сила на овој закон.

Под даночен долг, пак, се подразбира доспеан неплатен долг од данокот на личен доход, данокот на имот, данокот на наследство и подарок, данокот на промет на недвижности, данокот на добивка, данок на додадена вредност, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување со камата за задоцнето плаќање пресметана до денот на влегувањето во сила на овој закон, како и трошоците за нивна наплата.

„Доколку физичкото лице до денот на влегувањето во сила на овој закон измирило дел од достасаната камата, главен долг или трошоци, нема право да бара поврат на исплатениот износ. Доколку, пак, граѓанинот до денот на влегувањето во сила на овој закон го исплатил главниот долг во целост и има достасана камата по основ на главен долг, таа ќе биде предмет на отпис согласно овој закон“, се вели во предлог законот.

Државните органи и јавните институции по сила на овој закон се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, и за него најдоцна во рок од 15 дена да ги известат физичките лица кои се јавуваат како нивни должници, по пат на јавна објава на нивната официјална веб страна, или преку телевизија, радио или друг начин на јавно информирање.

„Отписот на камата на долговите не претставува доход на физичкото лице кој се оданочува согласно одредбите од Законот за данок на личен доход. Отписот ќе биде признат трошок за целите на данокот на добивка за даночните обврзници“, нагласиле предлагачите на законот.

И, во законот е наведено дека приватните компании сами ќе одлучат дали ќе ги отпишат каматите и ќе ги репрограмираат долговите.

„За отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците, доверителите во приватна сопственост доброволно одлучуваат преку своите органи на управување“, се вели во предлог законот.

Она што е битно, е дека со денот на влегувањето во сила на овој закон, се прекинува извршувањето на решенијата за присилна наплата и решенијата за одложено плаќање на даночен долг и преземањето на дејствија за наплата на долг. Исто така, тогаш веќе нема да пресметува камата за задоцнето плаќање согласно Законот за даночна постапка, за даночниот долг. Веќе нема ни да се објавуваат физичките лица на листата на должници согласно Законот за даночна постапка.

Притоа, законот одредува дека граѓанинот може да го отплатува главниот долг и трошоците на 12 еднакви месечни рати, почнувајќи од 1 јануари 2022 година.

Како краен рок за плаќање на месечните рати ќе се зема последниот ден од тековниот месец, а за задоцнето плаќање на месечните рати на репрограмираниот долг, се пресметува законска казнена камата, односно камата согласно Законот за даночна постапка.

Предвидени се и глоби во износ од 100 до 500 евра за раководните лица во државните органи за прекршок, доколку не постапиле по овој закон во предвидениот рок. За пропишаните прекршоци прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Овој закон ќе влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.

„Со предложеното законско решение ќе се помогне на граѓаните во справувањето со последиците од Ковид 19 пандемијата односно ќе се олесни начинот на подмирување на заостанатите долгови кон државните органи и јавните претпријатија, како и даночните долгови, преку спроведување на еднократна помош за решавање на проблемот на физичките лица со задоцнето плаќање на долговите“, навеле од Владата во предлог законот за отпис на каматите и репрограмирање на долговите.

loading...

https://animekisa.in watch anime online

Dragon Ball Specials (Dub) (https://4anime.biz/m/6K5v) Episode 2

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

Linkedin: https://www.linkedin.com/in/gogoanimelol/

Triberr: https://triberr.com/gogoanimelol