ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

БРАВО: Дури 1000 жени од руралните и помалите општини за два месеци добиле преглед во мобилната гинеколошка амбуланта, некои немале преглед и по 15 години!

Денеска во Скопје се одржа завршниот настан „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19“ подржан од СЗО, УНИЦЕФ и Фондот за население при Обединетите нации.

Дури 1000 жени од руралните и помалите општини за два месеци добиле преглед во мобилната гинеколошка амбуланта, велат од Канцеларијата на Обединетите нации во Скопје кои се носители и финансиери на проектот. Целта, според нив, била да им се овозможи на жените од ранливите категории кои немаат избран матичен гинеколог што побрзо да добијат гинеколошка услуга, а фокусот бил ставен на превенција на карцином на грлото на матката.

„Загрижувачко е тоа што меѓу овие жени имаше такви кои пет, десет па дури и 15 години воопшто не посетиле гинеколог. Она што е најважно да се поврземе со системот Мој термин, што дијагнозата од докторот да се проследи на понатамошно лекување“, вели

Фондот за население и во иднина ќе продолжи да го финансира функционирањето на овие мобилни амбуланти. Идејата е покрај гинеколошките, мобилните амбуланти да го прошират опфатот на здравствени услуги.

„Развивме модел кој што е одржлив, кој што е интегриран во системот бидејќи прегледаните жени се веќе внесени во системот на Мој Термин, а истиов модел може да се применува и понатаму вон ковид услови“, додава таа.

Проектот се спроведе во соработка со Министерството за здравство, заедно со Македонското лекарско друштво и Здружението на гинеколози и акушери, како и локалните самоуправи и женски организации.

Министерството за здравство објави повик за бесплатен преглед за жените без матични гинеколози

Во меѓувреме, Министерството за здравство, на почетокот на месецов ги повика жените на возраст помеѓу 36 и 45 години, да се пријават за бесплатен преглед на рак на грлото на матката. Повикот се однесува на жени кои немаат матични гинеколози зашто општините каде живеат се соочуваат со недостиг на ваков лекарски кадар. Тие можат да се пријават на веб платформата skrining.mk, која е директно поврзана со системот „Мој термин“, при што матичниот гинеколог веднаш добива информација и ги известува во кој термин е закажан прегледот. Прегледот го врши специјалист-гинеколог во мобилната гинеколошка амбуланта.

Со мобилните гинеколошки амбуланти досега беа опфатени жените од Свети Николе, Врапчиште, Градско, Лозово, и Чашка, Чешиново-Облешево. Проектот продолжува со прегледи на жените од Полошкиот и Пелагонискиот регион.

УНИЦЕФ апелираат за поголем опфат на вакцинација

Од канделаријата на УНИЦЕФ пак се загрижени за опфатот на вакцинација во Северна Македонија, но не само против Ковид-19, туку и за редовната имунизација кај децата.

Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патрисија Ди Џовани вели оти вината за нискиот опфат на вакцинирано население протов корона вирусот, која се движи околу 40 проценти, се должи на стравот и дезинформациите кои ги добива населението. Таа апелира оти се потребни сеопфатни студии во кои ќе се увидат знаењето, однесувањето и практиките на луѓето.

„Не може вината да се лоцира во некаква задоцнета кампања. Кај голем број земји во светот имунизацијата е на истото ниво, од околу 40 проценти, а тоа секако се должи на стравот и дезинформациите кои стигнуваат до граѓаните“, вели Ди Џовани и ги повика граѓаните да се вакцинираат оти како што рече вакцините се испитани и се безбедни.

Во однос на носењето на маски во училиштата и олеснувањето на рестриктивните мерки од УНИЦЕФ сметаат дека при носењето на било каква одлука треба да се води сметка за актуелната епидемиолошка состојба во земјата. Во Северна Македонија одлуките се носат според препораките на Комисијата за заразни болсти што, според нив, е добра практика.

„Нашето прво правило е дека во секое општество мора да се води сметка за јавното здравје. Па така на пример, ако во општеството нема зараза со Ковид-19, тогаш учениците во училиштата нема потреба да носат заштитни маски. Но, кога вирусот е присутен меѓу нас, сите треба да водиме сметка, пред се за сопственото здравје, а потоа и за колективното. Секако не сме во истата ситуација во која бевме во јануари, но мора да водиме сметка и за бројките. Ако тие почнат да растат мора да бидеме подготвени да се вратиме на рестрикциите. Мора да реагираме според научните сознанија кои ги добиваме, бидејќи искуството од претходните две години ни покажа дека секогаш кога ќе ги олесниме мерките се појавува нова варијанта на вирусот“, вели Ди Џовани.

УНИЦЕФ остануваат загрижени за нискиот опфат на редовна имунизација кај децата во Северна Македонија. Апелираат дека опфатот на редовна имунизација кај децата против рубеола, заушки и сипаници мора да биде како и пред корона пандемијата.

Инаку, денеска во Скопје се одржа завршниот настан „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19“ подржан од СЗО, УНИЦЕФ и Фондот за население при Обединетите нации. Со овој проект, преку пакет мерки опфатени беа бремените жени, децата и на најсиромашните граѓани.

loading...

anime websites. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime online The Daily Life of the Immortal King 2nd Season [Chinese Dub]

ANIMEFLIX Attack on Titan Season 2 Episode 7

anime stream ANIMEFLIX Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Entertainment District Arc

anime website Horimiya (Dub)

animes online Dragon Ball Super