Шахпаска: Блиску сме до просечна плата од 500 евра, да не беше пандемијата на Ковид 19, ќе го надминевме нашето ветување
Шахпаска: Блиску сме до просечна плата од 500 евра, да не беше пандемијата на Ковид 19, ќе го надминевме нашето ветување
Шахпаска за ТВ Тера: За изградба на детската градинка во Битола вложивме еден милион евра
Шахпаска за ТВ Тера: За изградба на детската градинка во Битола вложивме еден милион евра
Заев: Балканот е нашиот заеднички европски дом
Заев: Балканот е нашиот заеднички европски дом
ДИРЕКТОР ОД СРБИЈА СЕ УДАВИ НА „ПРОКОЛНАТАТА“ ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА - зошто за еден месец таму животите ги изгубија 10 луѓе
ДИРЕКТОР ОД СРБИЈА СЕ УДАВИ НА „ПРОКОЛНАТАТА“ ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА - зошто за еден месец таму животите ги изгубија 10 луѓе
Заев и Шилегов ги прошетаа Вучиќ и Рама по скопскиот кеј
Заев и Шилегов ги прошетаа Вучиќ и Рама по скопскиот кеј
КАКВА ГНИДА ОД ЧОВЕК - ОСВЕН ШТО БРУИ СО НАЦИОНАЛИЗАМ, АПАСИЕВ ГИ НАВРЕДУВА И ДЕБЕЛИТЕ ЛУЃЕ
КАКВА ГНИДА ОД ЧОВЕК - ОСВЕН ШТО БРУИ СО НАЦИОНАЛИЗАМ, АПАСИЕВ ГИ НАВРЕДУВА И ДЕБЕЛИТЕ ЛУЃЕ
(ВИДЕО) Филипче: Младите да се вакцинираат, да го поддржат процесот на масовна имунизација и да му помогнат на здравствениот систем
(ВИДЕО) Филипче: Младите да се вакцинираат, да го поддржат процесот на масовна имунизација и да му помогнат на здравствениот систем
Бектеши: Се заоструваат условите за работа на концесионерите, новиот доработен Закон за минерални суровини обезбедува подобар квалитет на животот на граѓаните и заштита на животната средина
Бектеши: Се заоструваат условите за работа на концесионерите, новиот доработен Закон за минерални суровини обезбедува подобар квалитет на животот на граѓаните и заштита на животната средина

БРАВО: Една од најголемите руски авиокомпании, Nordwind Airlines, влегува на македонскиот пазар со воспоставување на редовна авиолинија од Москва до Скопје на 21-ви мај 2021

Nordwind Airlines, една од најголемите руски авиокомпании, ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, од 21-ви мај 2021 година, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу двата главни града, најавува ТАВ Македонија.
Во рамки на летниот распоред на летање, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје.

Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

„Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини“, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е Меѓународниот Аеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор.

Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите на веб-страницата на Нордвинд: https://nordwindairlines.ru/ru

Од Нордвинд објаснуваат дека сите нивни патници можат да користат дополнителни услуги за удобен лет, како што се избор на седиште во авионот, избор на оброк, земање дополнителен багаж, нова услуга – дополнително место во близина, како и други услуги преку Интернет.

loading...

AniWatch dubbed anime: Dragon Ball (Dub) Episode 153

GoGoAnime gogoanime god of highschool: Watch Horimiya (Dub) Episode 10 (https://gogoanime.be/m/gYAD/ep-10)