Комерцијална банка продолжува со примената на современи технологии за производство на „чиста“ енергија од обновливи извори. Филијалата на Банката во Прилеп ќе се снабдува со електрична енергија и од сопствено производство.💡
Со најновата инвестиција во зелена енергија, Банката инсталираше фотоволтаична централа со моќност од 45 kW.☀Оваа инвестиција ќе обезбеди очекувано годишно производство на 56.000 кWh електрична енергија.
Со фотоволтаичните панели во Прилеп, Комерцијална банка ќе спречи годишна емисија на 29 тони CO2, што е еквивалент на засадување 760 дрвја. Уште поголемо значење има фактот што оваа инвестиција овозможи отстранување на постоечкиот систем за греење со нафта и воспоставување систем за греење преку термо циклус со помош на реверзибилен чилер.
Опремувањето на деловните објекти со фотоволтаични панели е дел од стратегијата на Комерцијална банка за вложување и континуирано спроведување одржливо и одговорно работење, кое е од интерес не само за Банката туку и за животната средина и целокупното општество.🌎Токму затоа, за целиот проект комплетна поддршка и соодветно одобрение даде и Општина Прилеп.
Комерцијална банка веќе има поставено фотоволтаичен систем и на покривот на деловниот објект во центарот на Скопје, кој годишно произведува 33 MWh електрична енергија.