ЕВРОПАИсториска одлука на Европскиот суд – родителите од ист пол мора да бидат признати како семејствоОбјавено пред 4 дена – 14 декември, 2021Од Макфакс
Врховниот суд на ЕУ одлучи дека истополовите родители и нивните деца мора да бидат признати како семејство во сите земји членки на ЕУ.
Во пресудата Европскиот суд на правдата изјави дека ако една земја признае родителски однос со дете, тогаш секоја земја членка треба да го стори тоа за да го гарантира правото на детето на слободно движење.
Случајот дојде пред овој суд откога бугарските власти одбија да дадат извод од Матичната книга на родените на ќерка на истополов пар, која е родена во Шпанија во 2019 година, со образложение дека детето не може да има две мајки.