ЕКС МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ БАРА ОД МАКЕДОНСКИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК ДА СЕ ТРГНАТ НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ
ЕКС МИНИСТЕРОТ АКСЕЛ АХМЕДОВСКИ БАРА ОД МАКЕДОНСКИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК ДА СЕ ТРГНАТ НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ
Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка
Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка
Филипче: Вакцините од типот на „Синофарм“ полесно се адаптираат за нови соеви на вирусот
Филипче: Вакцините од типот на „Синофарм“ полесно се адаптираат за нови соеви на вирусот
(ВИДЕО) О ГОСПОДЕ БОЖЕ КОЛКУ СЕ ЛУДИ: ДОКТОР ВЕЛО МАРКОВСКИ ИСПЕА ПЕСНА ЗА ОСУДЕНИТЕ УБИЈЦИ И НАСИЛНИЦИ ОД 27-МИ АПРИЛ!
(ВИДЕО) О ГОСПОДЕ БОЖЕ КОЛКУ СЕ ЛУДИ: ДОКТОР ВЕЛО МАРКОВСКИ ИСПЕА ПЕСНА ЗА ОСУДЕНИТЕ УБИЈЦИ И НАСИЛНИЦИ ОД 27-МИ АПРИЛ!
(ВИДЕО) Градоначалникот Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар
(ВИДЕО) Градоначалникот Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар
Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата
Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата
ВМРОВЦИТЕ НА АПАРАТИ - Данскиот министер за надворешни: Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија
ВМРОВЦИТЕ НА АПАРАТИ - Данскиот министер за надворешни: Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија
БРАВО - Вкупно 3,4 милиони евра за девет општини преку МСИП за капитални проекти
БРАВО - Вкупно 3,4 милиони евра за девет општини преку МСИП за капитални проекти

БРАВО: ЈП ЛАЈКА, ПОКРАЈ ОД ГРАДОТ, ЌЕ СЕ ФИНАНСИРА И СО СРЕДСТВА ОД ОПШТИНИТЕ ВО СКОПЈЕ

Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините во Скопје за заловување на кучиња е една од поважните одлуки за која ќе одлучуваат советниците на денешната 61-ва седница.

Со оваа одлука, во насока на обезбедување на трајно и квалитетно вршење на дејноста што се однесува на заловување и собирање на бездомните, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, се предвидува секоја од десетте општини во рамки на градот Скопје, да издвојуваат сума од 2 милиона денари годишно за реализацијата на оваа дејност од јавен интерес, додека Градот Скопје ќе учествува со 10 милиони денари. По носењето на одлуката, Градоначалникот на Град Скопје и Директорот на јавното претпријатие „Лајка“ ќе бидат овластени да склучат договор со градоначалниците на општините во градот Скопје со кој би се уредиле поблиску прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка.

На денешната седница Советот на Град Скопје ќе расправа за повеќе програми за работи на Градот Скопје за 2021 година, а една од нив е и Годишната Оперативна Програма за подигање и одржување на зеленилото на подрачјето на град Скопје за 2021 година. Со истата се предвидува реконструкција и изведба на ново урбаното зеленило на зелените коридори и плоштади до булеварите и магистралните и собирни улици, покрај велосипедските патеки и пешачките патеки, како и засадување на 600.000 цвеќиња и 7.000 високо квалитетни парковски садници и декоративни грмушки.

Подигнување на ново урбано зеленило и зелени коридори во 2021 година се планираат на следните локации: на бул. Босна и Херцеговина; ул. Никола Карев (потег од касарната Илинден до раскрсница кај Момин поток); зад зграда Филатрон (по новата ул. Есенинова); ул.11-ти Октомври (потег помеѓу раскрсницата со бул. Кочо Рацин и ул. Филип Втори); бул. Климент Охридски; ул. Скупи, како и уредување на нов зелен плоштад на ул. Васил Ѓоргов (во близина на згрижувачки дом за деца без родители 11-ти Октомври); нов парк во О.Шуто Оризари; нов парк помеѓу бул. Илинден и пешачата патека на реката Вардар (во делот кај депонијата); како и парк помеѓу реката Лепенец и складишата на Маврово.

Реконструкција на урбано зеленило и зелени коридори во 2021 годија се планираат на следните локации: ул. Лазар Личеноски; ул. Македонско Косовска Бригада; бул. Гоце Делчев (од раскрсница со ул. Беласица до плоштад Скендербег од двете страни); Парк Чаир (бул. Христијан Тодоровски Карпош); бул. Кочо Рацин (средна жардињера на потег од раскрсница со бул. Кузман Јосифовски Питу до раскрсница со ул.11-ти Октомври); бул. АСНОМ (од раскрсница со бул.Србија до раскрсница на ул.Февруарски поход); ул. Февруарски поход; бул. Александар Македонски; бул. Киро Глигоров; бул. Партизански одреди (жардињерите од левата и од десната страна, потег од раскрсница со ул. Бледски договор до раскрсница со ул. Никола Парапунов); како и ул. Боца Иванова. Во овој дел планирани се реконструкции на повеќе паркови и зелени површини, како што се Паркот Македонија (ул. Христо Татарчев); Парк на пензионери (Драчево); Зелен плоштад позади Собранието на Р.С.Македонија; Зелен плоштад – Дом на АРМ; паркот помеѓу ул. Кемал Сејфула и ул. Ресенска; реконструкција и хортикултурно уредување на кејот на река Вардар од двете страни, како и реконструкција и хортикултурно уредување на зелена површина-Скопско Кале.

Друга програма која ќе се најде пред советниците на денешната седница е и Одлуката за давање согласност на Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајници во надлежност на Град Скопје, пешачки и велосипедски патеки и јавни рекреативни површини на подрачјето на Град Скопје во 2021 година.

За реализацијата на оваа Програма се предвидени средства во износ од 135.001.864 денари, каде истите се поделени во следните подкатегории:

– За одржување на коловозните површини на сообраќајниците и тротоарите во надлежност на Град Скопје се предвидени 52.069.754 денари, од кои за одржување на коловози 46.470.535 денари, додека за одржување на тротоари 5.599.218 денари;
– За изградба на коловози, тротоари и паркиралишта на јавни сообраќајни површини се предвидени 63.740.001 денари, од кои за изградба на магистрални улици 37.504.500 денари, за изградба на собирни улици 13.267.950 денари, за изградба на паркиралишта 1.924.500 денари и за изградба на игралишта 1.320.000 денари;
– За одржување на заштитни огради на булевари се предвидени 14.944.110 денари;
– За одржување на делатациони фуги на мостови се предвидени 1.125.720 денари;
– За одржување на косини обложени со камен се предвидени 3.122.280 денари ;

Покрај овие, Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа и за одлуките за давање согласност на инвестиционите програми за 2021 година на јавните претпријатија, чии основач е Град Скопје, како и за поголем број на програми за работа на Град Скопје и на јавните градски претпријатија.

loading...

AnimeDao animedao boruto: Attack on Titan (Dub) (https://animedao.nl/m/PXlK) Episode 25

AnimeFreak animefreak latest: Watch Fire Force Season 2 Episode 4