Нови 71 вработувања во Јавното обвинителство за борба против корупцијата, најави денеска вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
„Зборуваме за корупцијата, а сега е време тоа да го докажеме на дело. На Обвинителството му е потребно екипирање за да може да се справува со големиот број на предмети кои се натрупани“, рече Николовски на брифингот со новинарите.
Во буџетот за 2022 во Обвинителството ќе бидат зголемени платите за 15 отсто, а ќе има и 17 унапредувања. Буџетот ќе биде зголемен за 20,7 отсто во однос на 2021 година.
Заради поефикасно процесуирање на случаите, буџетот во делот на договорните услуги се зголемува за 31,8 проценти.