ДИК: Нема да има редици за гласање како во првиот круг, фингерпринт-уредите ќе бидат побрзи
ДИК: Нема да има редици за гласање како во првиот круг, фингерпринт-уредите ќе бидат побрзи
ШИЛЕГОВ: Со 280 илјади евра ќе се „дислоцира и мултиплицира“ зеленилото кое ќе се уништи за БРТ
ШИЛЕГОВ: Со 280 илјади евра ќе се „дислоцира и мултиплицира“ зеленилото кое ќе се уништи за БРТ
ШИЛЕГОВ: ЗОШТО АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА ДЕКА НЕМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
ШИЛЕГОВ: ЗОШТО АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА ДЕКА НЕМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ ЌЕ ГО ИМА ПРВИОТ АКВАРИУМ ВО РЕГИОНОТ
ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ ЌЕ ГО ИМА ПРВИОТ АКВАРИУМ ВО РЕГИОНОТ
(ВИДЕО) Кондовски: Студентска стипендија за битолските студенти кои ќе се школуваат во Битола
(ВИДЕО) Кондовски: Студентска стипендија за битолските студенти кои ќе се школуваат во Битола
ШИЛЕГОВ: ДРИСЛА ПОВЕЌЕ НЕ ГО ТРУЕ СКОПЈЕ, ИНВЕСТИРАВМЕ ВО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ!
ШИЛЕГОВ: ДРИСЛА ПОВЕЌЕ НЕ ГО ТРУЕ СКОПЈЕ, ИНВЕСТИРАВМЕ ВО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ!
ДИКТАТОРОТ РАЗГОЛЕН ВО СУДНИЦА: ЕДНИОТ СТАН НА БИХАЌКА ГО ПЛАТИ ГРУЕВСКИ, АМА НЕ САКАШЕ ДА БИДЕ НА НЕГОВО ИМЕ, А ДРУГИОТ ГО ПЛАТИВ ЈАС, СВЕДОЧЕШЕ БИЗНИСМЕНОТ АЛЕК ТЕРАНОВА
ДИКТАТОРОТ РАЗГОЛЕН ВО СУДНИЦА: ЕДНИОТ СТАН НА БИХАЌКА ГО ПЛАТИ ГРУЕВСКИ, АМА НЕ САКАШЕ ДА БИДЕ НА НЕГОВО ИМЕ, А ДРУГИОТ ГО ПЛАТИВ ЈАС, СВЕДОЧЕШЕ БИЗНИСМЕНОТ АЛЕК ТЕРАНОВА
„Алкалоид“ со инвестиции во износ од над 850 милиони денари, со 178 нови вработувања во земјава и со раст на консолидираниот профит од 17 отсто во периодот јануари – септември 2021 г.
„Алкалоид“ со инвестиции во износ од над 850 милиони денари, со 178 нови вработувања во земјава и со раст на консолидираниот профит од 17 отсто во периодот јануари – септември 2021 г.

БРАВО: Македонија преку Ковакс механизмот обезбеди 800 илјади вакцини

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

По Русија и Кина, и Германија најавува дека веќе следниот месец може да почне со вакцинацијата против Ковид 19.

“Има причина за оптимизам дека вакцината ќе биде одобрена во Европа оваа година. И тогаш можеме да започнеме веднаш”, рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан во интервју за германски РНД.

Тој додаде дека побарал од сојузните германски држави да подготват центри за вакцинација до средината на декември. Германија обезбедила повеќе од 300 милиони дози на вакцина преку Европската комисија, билатерални договори и други опции, што според Спан е повеќе од доволно и остава простор за споделување на вакцината со други земји.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Македонија ќе набави вакцини за 20 отсто од населението, како и останатите земји во регионот. Станува збор за 400 илјади вакцини или двојно повеќе дози, 800.000, бидејќи едно лице треба да прими две дози од вакцината. Вакцините се обезбедени преку Ковакс механизмот за глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини. Во истиот момент кога ќе ја добијат вакцината најразвиените земји, ќе ја добиеме и ние, но кога точно се уште не се знае. Очекувањата се тоа да се оствари кон крајот на декември или јануари.

Потребните финансии за набавка на вакцините е обезбедени и за нив се издвоени 390 милиони денари или 6,7 милиони евра. Ако вакцината се стави на пазарот во јануари, од Европската агенција за лекови соопштија дека нејзините први ефекти врз ширењето на вирусот „ќе бидат видливи за пет-шест месеци или наредното лето“. Проценката на агенцијата е дека треба да се вакцинира над половина од европското население за да може да дојде до смирување на пандемијата, што значи дека ќе бидат потребни најмалку 500 милиони дози во Европа.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

„За сите да се вакцинираат ќе биде потребно најмалку една година и ако се помине добро, до крајот на 2021 година ќе имаме доволна имунизација“, рече директорот на агенцијата Гвидо Раси.Приоритет при вакцинацијата ќе имаат лицата со хронични болести, повозрасните и здравствените работници.

Во моментов ЕУ е фокусирана на три вакцини. Две се во фаза на одобрување, односно таканаречената оксфордска вакцина на Астра Зенека и вакцината на Фајзер, кои поднеле документација за иницијална проверка на нивните податоци во Европската медицинска агенција. Во Американската агенција за храна и лековинаскоро ќе биде поднесена и документацијата за одобрување на вакцината која се развива во Бостон, од производителот Модерна.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Во исто време во Кина милион граѓани веќе ја примиле експерименталната вакцина против коронавирусот на кинескиот фармацевтски гингант „Синофарм“ во рамките на итната програма на одобрена од кинеските власти.Дел од виролозите сметаат дека ова е научно експлоатирање на граѓаните, додека пак директорот на гигантот посочи дека речиси и да нема нус појави кај оние кои се вакцинирале.

Во САД се надеваат дека ќе започнат со вакцинација пред средината на декември, штом вакцината на Модерна добие одобрение од Управата за храна и лекови (ФДА), најави Монсеф Слауи, главен научен советник са вакцини.

„Во рок од 24 часа по одобрувањето на вакцината, тие ќе се транспортираат во областите каде ги сакаат сојузните држави“, изјави Слауи.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

Запрашан за очекуваниот датум на првите вакцинации во Соединетите држави, тој одговори дека очекува „дека може да биде следниот ден по одобрувањето, 11 или 12 декември“. Тој исто така рече дека се надева оти колективниот имунитет може да се постигне до мај.

„Со 95 процентно ниво на ефикасност, вакцинирањето на 70 проценти од населението ќе овозможи вистински колективен имунитет. Тоа може да се случи во мај“, смета тој.

Од Русија пак стигна веста дека речиси 60.000 дози од вакцината „Спутник V“ се веќе на пазарот, а вкупно над 650.000 дози на вакцината се планира да бидат доставени до крајот на ноември. За руското население се планирани 653.000 дози во овој месец и 2,2 милиони дози во декември.

loading...

Sword for Truth (Dub) Episode Full

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

Di Gi Charat Christmas Special Episode Full

Manabu no Natsuyasumi Episode Full

Behance: https://www.behance.net/gogoanimebe

Bit: https://bit.ly/362GL1i