Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа

БРАВО МАЛИ – Гостиварецот Анди Исмаили има 13 години и е двократен светски шампион во модерен танц

Младиот Анди Исмаили од Гостивар се закити со титулата светски шампион во соло танцување модерен балет, јуниори, на Светското првенство во модерен современ танц што се одржа во Варшава, Полска. Ова е последниот голем успех на 13-годишниот талентиран гостиварец, но и втор златен медал на ова светско натпреварување, откако прво место освои и во 2019 година.

Анди е ученик во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар и со Мета.мк го сподели своето искуство од Светското првенство во Полска, но и неговата приказна и сите други успеси како млад танчер.

Тој веќе четири години се занимава со танцување и исто толку долго е член на танцувачкото студио „iDance“. Со модерниот балет првпат се запознал на социјалните мрежи.

„Со модерен балет почнав да се занимавам во 2017 година. Мојата танцувачка кариера започна случајно, односно мојата вујна ја носеше братучетка ми во студиото „iDance“ на вежбање, еднаш отидов и јас и од тој ден почнав активно да се бавам со модерен балет. Љубовта кон танцувањето ми се појави бидејќи на социјалните мрежи ги следев познатите танчерки Кејси Рајс и Лана Смолникар“, раскажува Анди.

Модерниот танц има неколку видови, меѓу кои акро, модерен балет, џез, музички театар. Анди вели дека себеси се пронаоѓа во модерниот балет и во џезот.

На свои 13 години, ова младо момче има богата кариера и неколку големи успеси позади себе. Покрај двата златни медала од светските првенства во модерни современи танцови што се одржале во Полска во 2019 и 2021 година, ни наброја уште едно петто место при светски настапи, како и пет први места на национални натпревари што се одржувале низ земјава.

Годинава на Националниот натпревар во Скопје бил прогласен и за најдобар машки танчер.

Во Полска, вели, се сретнал и се запознал со најдобрите танчери од целиот свет. Таму учествувале претставници од 22 земји ширум светот. Неговата победничка кореографија била дело на познатиот словенски кореограф Јан Равник кој живее и работи во Лос Анџелес.

Од Македонската асоцијација на модерни танци (МАМТ) велат дека целокупната организација на првенството била на завидно ниво и дека Анди имал силна конкуренција.

Анди раскажува дека ќе продолжи да се занимава со модерен балет, а својата иднина ја гледа во Холивуд. Тој е дел и од филмот „Breakfree“, каде ја игра главната улога.

„Модерниот балет го сакам многу и ќе продолжам да вежбам. Имам снимено и филм во кој ја играм главната улога. Филмот се вика „Breakfree“ и ви препорачувам да го погледнете, бидејќи темата на филмот е „булингот“ и мешањето на родителите во професијата на детето. Се надевам дека еден ден ќе стигнам и до Холивуд“, вели Анди.

Родителите на Анди се радуваат на неговите успеси. Неговиот татко, Фатон Исмаили, вели дека се гордее на секое ново постигнување на Анди. Сепак, тој смета дека талентот на Анди не е доволно препознаен во државата која ја претставува на светските натпреварувања.

Искуството од Полска каде бил како негова поддршка, го опишува како неверојатно, но и напорно, затоа што целиот труд и трошоци ги сноселе сами, како што вели, без никаква поддршка од надлежните институции.

„Почнувајќи од кореографијата, костумот, регистрацијата на светскиот шампионат, подготовките, патните трошоци и сместувањето, сето ова го покривме сами ние како родители“, раскажува Фатон.

„Мислам дека талентот на Анди не е доволно препознаен и ценет. За жал нашата држава не му нуди ама баш ништо и апелирам до сите надлежни институции, почнувајќи од Владата, Министерсвото за култура, како и до Агенцијата за млади и спорт да размислат дали ваков вид на талент кој по вторпат е светски шампион треба да биде изоставен од сите привилегии кои му следуваат при претставување на нашата земја“, апелира Фатон Исмаили.

Од гостиварското „iDance“ студио, чиј член е Анди, велат дека неговиот талент го препознале уште од почетокот. Работата со него е лесна, велат, бидејќи тој е свесен оти ако не го развива својот талент и не работи секојдневно, нема да стигне до резултатот што го посакува.

За него танцот претставува живот и тој го живее танцот секојдневно, раскажуваат неговите тренери Сарита Селмани и Вулнет Незири.

„Анди дојде кај нас во 2017 година и од првиот ден кога започна да се движи приметивме дека се работи за вонсериски талент. Иако кога дојде кај нас веќе бевме при крај на сезоната, му дозволивме да учествува на новогодишниот концерт, при што за толку малку време кое го имаше да се подготви, и како за прв настап на своја деветгодишна возраст, беше беспрекорен и никого не остави рамнодушен. Тоа беше моментот кога сфативме дека тој е роден за на сцена и нашата цел беше и уште е него да го приметат вистинските луѓе и сиот тој талент и труд да се насочи кон вистинскиот пат“, велат од „iDance Studio“.

Од ова танцувачко студио додаваат дека во земјава заинтересираноста за модерни танци расте, исто како и бројот на талентирани деца кои напредуваат и сериозно се посветуваат на модерните танци.

Соработката со Анди ќе продолжи и понтаму.

„Ние сме тука да го поддржиме Анди да го исполни својот сон и тој е инспирација за сите деца во државата. Тој е доказ дека ако си упорен и веруваш во тоа што го сакаш, можеш да го освоиш светот, без разлика дали доаѓаш од некоја метропола или од мал град како што е Гостивар“, велат тренерите од „iDance“.

Успесите на Анди не застануваат овде. Младиот гостиварец го очекуваат уште многу натпреварувања, државни и светски настапи. А, додека да стигнат помошта и признанијата од државата, неговите родители и тренери велат дека секогаш ќе бидат овде да го поддржуваат и да се гордеат со неговите успеси.

ИЗВОР МЕТА.МК

loading...

watch anime free. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full

AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

AnimeDao The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

english dubbed anime Hunter x Hunter (2011)

dubbed anime My Hero Academia Season 5 (Dub)

tải go88