На 20.12.2020 во периодот од 10.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Скопје, беше спроведeна акцискa контрола, со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства. Од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари. Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит Пазар.
Од преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации, констатирани се вкупно 62 прекршока од Законот за заштита на населението од зарaзни болести.
Денеска (20.12.2020) во 14.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ш.(46) и Б.А.(20), двајцата од Тетово, затоа што биле затекнати како продаваат пиротехнички средства. Кај нив биле пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновиден пиротехнички материјал. Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 8 од Законот за заштита од експлозивни материи.