БРАВО МВР, ПОЛИЦИЈАТА ВО МОМЕНТОВ Е НАЈСВЕТЛА ТОЧКА ВО СИСТЕМОТ – Претрес во Кичево, приведен дилер на кокаин, фатени дилери во Тетово, Гостивар и Велес

На 04.03.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Кичево го приведоа Е.П. од Кичево, дилер на кокаин, кој се барал и за извршени насилства. При претрес во неговиот дом пронајден е кокаин, четири ваги, пари, списоци на должници кои купувале дрога од него и неговиот татко А.П.

При претресот во домот на Е.П. полициските службеници биле попречувани од Н.П. за што ќе следува соодветна кривична пријава по чл. 382 и 368 од КЗ. Против Е.П. и А.П. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 215 од КЗ.

Пронајдена дрога во тетовско и гостиварско, приведени дилери

Вчеравечер (4 март) околу 23 часот и 35 минути, во гостиварско Чајле, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Г.С.(30) од Гостивар и Б.Д.(22) и Б.Д.(27) од Чајле, затоа што им била пронајдена марихуана и дробилка.Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар.По документирање на случајот ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик. Вчера (4 март) околу 21 часот и 45 минути, на излезот од Тетово кон Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.А..(24) од тетовско Камењане и Ф.Р.(25) од тетовско Синичане, затоа што при преглед им била пронајдена бела прашкаста материја.По целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Пронајден хероин во Велес, приведен дилер

На 04.03.2022 околу 19.30 часот во Велес од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес е лишен од слобода А.Н.(48) од Велес, затоа што кај него се пронајдени и одземени 18 пакувања со хероин. По целосно документирање на случајот против А.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.