Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, за ТВ21 потврдува дека е уапсен началникот на смената на граничниот премин Блаце, кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патниците кои влегуваат во Македонија.
Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила – вели заменик министерот.
Според информациите, првопријавениот е Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото е со иницијали З.Р.