Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година
👶Оваа мала хероина 67 дена помина на УК за гинекологија и акушерство во Скопје, на неонатолошките интензивни одделенија
🏨 Со помош на стручниот тим на Клиниката и најсофистицираната опрема Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина
🙌 Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа ❤️