Заев со огромна предност пред Мицкоски според анкетата на реномираниот Брима за “Слободен Печат”
Заев со огромна предност пред Мицкоски според анкетата на реномираниот Брима за “Слободен Печат”
ВМРО ДПМНЕ ПРЕД УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПОРАЗ - Анкета на “Брима” за “Слободен Печат”: СДСМ во предност пред ВМРО ДПМНЕ!
ВМРО ДПМНЕ ПРЕД УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПОРАЗ - Анкета на “Брима” за “Слободен Печат”: СДСМ во предност пред ВМРО ДПМНЕ!
ТРТ МИЛОЈКО, ГЛАСЕН НА УСТА, СЛАБ НА ДЕЛО - АПАСИЕВ: НЕ БИЛО ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ ПРАТЕНИК, СО КРМОВ СМЕ ПО 10 ЧАСА ВО СОБРАНИЕ И НА КРАЈ НИШТО НЕМАМЕ СРАБОТЕНО
ТРТ МИЛОЈКО, ГЛАСЕН НА УСТА, СЛАБ НА ДЕЛО - АПАСИЕВ: НЕ БИЛО ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ ПРАТЕНИК, СО КРМОВ СМЕ ПО 10 ЧАСА ВО СОБРАНИЕ И НА КРАЈ НИШТО НЕМАМЕ СРАБОТЕНО
Заев со честитка за постигнатата бројка од милион попишани граѓани
Заев со честитка за постигнатата бројка од милион попишани граѓани
МАЛО ГНАСНО ХИТЛЕРЧЕ НЕБАЊАТО- АПАСИЕВ: ГРУЈО ЗГРЕШИ, ТРЕБАШЕ ДА ГО УАПСИ ЗАЕВ И ЦЕЛА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ДА ЈА ЗАБРАНИ И ПИКНЕ ВО ЗАТВОР!
МАЛО ГНАСНО ХИТЛЕРЧЕ НЕБАЊАТО- АПАСИЕВ: ГРУЈО ЗГРЕШИ, ТРЕБАШЕ ДА ГО УАПСИ ЗАЕВ И ЦЕЛА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ДА ЈА ЗАБРАНИ И ПИКНЕ ВО ЗАТВОР!
ЗОКИ И ОЛИВЕР ВО АРАЧИНОВО: КОГА НЕКОИ ПЛАШЕА СО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, НИЕ ВО АРАЧИНОВО ВЕТИВМЕ КАНАЛИЗАЦИЈА И РЕДИЦА ДРУГИ ПРОЕКТИ КОИ ГИ ОСТВАРИВМЕ!
ЗОКИ И ОЛИВЕР ВО АРАЧИНОВО: КОГА НЕКОИ ПЛАШЕА СО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, НИЕ ВО АРАЧИНОВО ВЕТИВМЕ КАНАЛИЗАЦИЈА И РЕДИЦА ДРУГИ ПРОЕКТИ КОИ ГИ ОСТВАРИВМЕ!
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО СОПРУГАТА ЗОРИЦА ВИКЕНДОВ НА СВАДБА ВО КАВАДАРЦИ
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО СОПРУГАТА ЗОРИЦА ВИКЕНДОВ НА СВАДБА ВО КАВАДАРЦИ
КАКО ШТО ДОЛИКУВА НА ЕДЕН ДЕМОКРАТ, ЗАЕВ ПРИФАТИ ТВ ДУЕЛ СО МИЦКОВСКИ, ЌЕ СЕ СООЧАТ УТРЕ ВО 18.30 ЧАСОТ НА КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА
КАКО ШТО ДОЛИКУВА НА ЕДЕН ДЕМОКРАТ, ЗАЕВ ПРИФАТИ ТВ ДУЕЛ СО МИЦКОВСКИ, ЌЕ СЕ СООЧАТ УТРЕ ВО 18.30 ЧАСОТ НА КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА

(ВИДЕО) БРАВО – Најстарото училиште во Кавадарци Страшо Пинџур добива спортска сала

Развојот на физичкото образование и здравје на учениците е еднакво важно во процесот на образование како и сите останати аспекти на образовниот процес. Вложувањето во образовната инфраструктура и спортските сали е составен дел од реформите за унапредување на основното образование на кои интензивно работи МОН.

„Инвестирањето во капиталните објекти, а тоа се инфраструктурата – училиштата и придружните објекти, како што се спортските сали е навистина значајно за да може да обезбедиме секој ученик, да може да го развива своето физичко воспитание и здравје, рече Царовска при денешниот увид во градежните активности за изградба на спортска сала во состав на ОУ „Страшо Пинџур “ во Кавадарци, напоменувајќи дека е навистина значајно тие активности кои што се предвидени во програмите да можат да се изведуваат во училиштето, околу него и во овие придружни објекти.

Значајно е, потенцираше Царовска, да образовниот систем заедно со општините ги нуди овие можности на учениците во училиштето. Не смее да има привилегирани ученици кои што можат само надвор од образовниот систем да си ги дозволат спортските активности, туку да се трудиме како држава да создадеме услови во секое училиште, сите придружни активности, сите слободни активности, учениците подеднакво да ги извршуваат во системот на образование и тоа да биде бесплатно и квалитетно.
„Како влада навистина покажуваме дека инвестициите во раниот развој на децата, како во предучилишното, така и во основното образование и во средното образование, се многу значајни. Ова е предуслов да имаме здрави граѓани, граѓани кои се подготвени да се борат со предизвиците кои стојат пред нив во животот, рече министерката за образование и наука.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев истакна дека најстарото училиште во општината конечно ќе добие спортска сала.

„Конечно успеавме да најдеме средства со помош на МОН, нашите ученици да ги имаат сите услови за изведување на наставата“, рече Јанчев.

Заблагодарувајќи се на инвестицијата, директорка на ОУ „Страшо Пинџур“, Илинка Бакева, истакна дека инвестицијата во салата е дело на владата и Министерството за образование, со што учениците добијат нова, модерна спортска сала каде што ќе можат да ги изведуваат часовите по физичко воспитување.

loading...