Направена е нова велосипедска патека од 580 метри во должина на ул. „Никола Парапунов“ во Карпош 4. Вело – патеката ја направи Град Скопје, откако претходно целосно и ја реконструираа улицата.
🚲 Општина Карпош продолжува со поддршка на алтернативниот превоз. Во предлог Буџетот за 2021 планираме 500 илјади денари за субвенционирање на купување на велосипед, со што ги зголемуваме средствата за оваа мерка за 60 % споредено со оваа година.
Да бидеме одговорни учесници во сообраќајот.