Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО

БРАВО, ОДЛИЧЕН ПОТЕГ НА РАМИЗ МЕРКО: ОПШТИНА СТРУГА ДОНИРАШЕ 700 ОБРОЦИ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД СТРУГА И ОХРИД

Стружанецот Никола Петрески, кој повеќе од еден месец дели топли оброци на социјално ранливи категории во Струга, денеска го реализираше најголемиот подвиг: заедно со деветмина готвачи од земјава зготви 700 оброци за сиромашните и бездомниците во Охридско-струшкиот регион. Се готвеше четири часа, а на менито имаше плескавици, ориз, пире, пилешко, риба и салати.

„Беше напорно да се организира, но имавме голема желба да се помогне. Помогнаа и голем број хумани граѓани и компании, но најголема помош даде Општина Струга, со 90 проценти од намирниците“, вели Петрески.

Готвачите од другите градови велат дека прво биле изненадени од идејата, но без размислување ја прифатиле. Од Здружението на готвачи од Охрид очекуваат да се подготвува храна во секој град, оти, како што велат, коронакризата го зголеми бројот на социјално загрозени граѓани.

„Сите одвоивме време, тука сме тројца претставници од Охрид и секогаш ќе прифаќаме вакви хуманитарни акции. Ова треба да е традиција“, вели Влатко Ѓоргиевски.

„Сѐ се случи набрзина. Акцијата е хумана и нѐ прави среќни што помагаме на ранливите категории. Ова треба да е пример за целата држава“, кажа Горан Филипов, шеф-готвач кој дојде од Кавадарци.

Црвен крст ја дистрибуираше храната до оние на кои им е најнеопходна.

„Има многу граѓани кои се наши корисници и доаѓаат редовно кај нас. За жал, нивниот број порасна овој период“, вели секретарот на Црвен крст Струга, Адуриме Даути.

Хуманата активност со која трипати неделно се готви за триесетина гладни од Струга ја започна Петрески, кој работи со достава на храна.

„Соработувам со две компании и остануваше многу храна, која ја фрлавме. Отприлика 6-7 килограми се фрлаше и дојдов на идеја да ја дадам на некој на кој му е потребна. Гласот дека тука може да јадат топол оброк брзо се шири. На почетокот, пред еден месец, беа двајца-тројца, а сега се околу 30“, вели Петрески.

loading...
tải go88