Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања

БРАВО – ОДЛИКУВАН СО МЕДАЛ МАКЕДОНСКИОТ МЕДИЦИНСКИ ТИМ ВО АВГАНИСТАН КОЈ ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ ГО НАВРЕДИ ДЕКА Е НЕСПОСОБЕН

Командантот на норвешката теренска болница во Кабул, потполковник Бент Андерс Салберг, во видеоповик со министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја нагласи посветеноста на македонскиот тим и рече дека е задоволство да се работи со него. (Фото: МО)

Шестчлениот медицинскиот тим на АРМ се враќа со медал за успешно извршена мисија во Авганистан, каде што беше интегриран во теренската болница предводена од Норвешка во Кабул, како дел од операцијата „Одлучна поддршка” – Мисија на НАТО.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри во јануари замина на обука за воена хирургија во Норвешка, а од март годинава беше распореден во рамките на норвешката болница во Кабул, Авганистан. Нивната мисија требаше да трае до септември годинава, но поради одлуката на НАТО за повлекување од Авганистан веќе се на пат за Скопје и се очекува деновиве да пристигнат.

Овој тим на АРМ беше тешко навреден од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, кој од собраниската говорница на 21 април кажа дека во извештај на норвешки воени експерти е оценето дека македонскиот хируршки тим не може сам да ги извршува своите должности и дека македонскиот главен хирург не знае да изврши основни хируршки операции.

На неговата изјава веднаш реагираше норвешкиот одбранбен аташе, потполковникот Егил Далтвејт, кој рече дека Стојаноски лаже и одбива јавно да се извини за изнесените невистини.

Далтвејт тогаш кажа дека ако обвинувањата на Стојаноски биле точни, македонскиот медицински тим немало да биде на должност во Кабул, одговорен за спасување на животите на сојузничките и норвешките војници кога е потребно и го прекори Стојановски:

„Изнесувањето обвиненија против некој што е во воена зона, кој ѝ служи на својата земја и на нашата Алијанса, од безбедна и привилегирана позиција како пратеник во македонскиот Парламент, според мене како офицер и одбранбено аташе, е тотално неприфатливо“.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри во јануари замина на обука за воена хирургија во Норвешка, а од март годинава беше распореден во рамките на норвешката болница во Кабул, Авганистан. – Македонскиот тим со норвешките колеги (Фото: МО)

На барањето јавно да се извини, Стојаноски му одговорил на норвешкиот потполковник дека медиумите биле криви, а не тој.

„За жал, јавно извинување немаше. Тој само ми испрати мејл во кој ги обвини медиумите за она што го кажал, како тој самиот да не е одговорен за своите зборови. И тој само ми се извини што ги повредил моите чувства. Тој не им се извини јавно на членовите на службата што ги навреди, ниту на Норвешка и на норвешката војска“, кажа тогаш Далтвејт.

Ова беше првиот македонски хируршки тим кој учествуваше во НАТО мисија како тим од земја членка. Учеа од најдобрите, бидејќи Норвешка е позната по развивањето на воената медицина, а Македонија како членка на НАТО до 2028 година треба да развие НАТО способност во форма на хируршки тим кој ќе стои на располагање како НАТО ресурс. Учеството во оваа мисија во Авганистан е еден од чекорите за подготовка и развој на оваа способност.

На 28 април, министерката за одбрана Радмила Шекеринска имаше разговор преку видеоврска со нашиот медицински тим во Авганистан.

Специјалистот-ортопед Поп-Стефанија рече дека тимот работи во одлични услови, се чувствуваат добро и нема никакви проблеми.

„Наидовме на одличен прием кај нашите норвешки колеги, тие одлично се грижат за нас, и среќни сме што со нашата работа стекнуваме драгоцено искуство и учествуваме во изградба на воено-медицински капацитети на нашата држава“, рече тој.

Благодарност од Кабул до целиот македонски тим упати и командантот на норвешката теренска болница потполковник Бент Андерс Салберг кој беше дел од видеоразговорот. Тој ја нагласи посветеноста на македонскиот тим и рече дека е задоволство да се работи со него.

loading...

AnimeHeaven: Hug tto! Precure anime episode 49 online free at https://animeheaven.pro animeheaven unblocked

Website https://kissanime.mx: Watch No. 6 (Dub) kissanime Episode 11 free anime

Watch anime online for free at AnimeTV m2 chia anime tv

AnimeFLV: Gunslinger Girl: Il Teatrino (Dub) anime episode 13 online free at https://animeflv.uk anime stream

Beatstars: https://www.beatstars.com/animefreakws/about

Tune: https://tune.pk/user/gogoanimebe/about