(ВИДЕО) ХАХА, ЧОВЕКОВ Е КОМЕДИЈА - МИЦКОВСКИ: ДА НЕМАВ КОРОНА, ВЛАДАТА ЌЕ ПАДНЕШЕ!
(ВИДЕО) ХАХА, ЧОВЕКОВ Е КОМЕДИЈА - МИЦКОВСКИ: ДА НЕМАВ КОРОНА, ВЛАДАТА ЌЕ ПАДНЕШЕ!
(ВИДЕО) ВО ЖИВО ОД АТМОСФЕРАТА ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПО ИЗГЛАСАНАТА ДОВЕРБА ВО СОБРАНИЕТО
(ВИДЕО) ВО ЖИВО ОД АТМОСФЕРАТА ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПО ИЗГЛАСАНАТА ДОВЕРБА ВО СОБРАНИЕТО
Пендаровски: Реакцијата на Радев спротивна на основниот принцип за немешање во внатрешните работи на друга државa
Пендаровски: Реакцијата на Радев спротивна на основниот принцип за немешање во внатрешните работи на друга државa
УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ТРИУМФ НА ВЛАДАТА - „Фридом Хаус“: С. Македонија со најголем раст на индексот на слободата во Европа
УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ТРИУМФ НА ВЛАДАТА - „Фридом Хаус“: С. Македонија со најголем раст на индексот на слободата во Европа
НИКОЛОВСКИ: Сите лаги на опозициската ВМРО-ДПМНЕ потонаа во вода
НИКОЛОВСКИ: Сите лаги на опозициската ВМРО-ДПМНЕ потонаа во вода
БРОИМЕ И СЕ ГРИЖИМЕ ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА МИЦКОВСКИ: ОВА Е НЕГОВ ЈУБИЛЕЕН 100 ПОРАЗ ПО РЕД!!!
БРОИМЕ И СЕ ГРИЖИМЕ ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА МИЦКОВСКИ: ОВА Е НЕГОВ ЈУБИЛЕЕН 100 ПОРАЗ ПО РЕД!!!
ЗАЕВ ГО РАЗБИ БЛЕФОТ НА МИЦКОВСКИ - ВЛАДАТА ДОБИ ДОВЕРБА ОД СОБРАНИЕТО СО 62 ГЛАСОВИ ЗА!
ЗАЕВ ГО РАЗБИ БЛЕФОТ НА МИЦКОВСКИ - ВЛАДАТА ДОБИ ДОВЕРБА ОД СОБРАНИЕТО СО 62 ГЛАСОВИ ЗА!
ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕМЕ СВЕДОЦИ НА ЕДЕН ОД НАЈБРУТАЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ НОКАУТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА
ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕМЕ СВЕДОЦИ НА ЕДЕН ОД НАЈБРУТАЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ НОКАУТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА

БРАВО – ОПШТИНА БИТОЛА САМА ЌЕ ГО ИЗГРАДИ ДОМОТ КОПАНКИ, УПРАВНИОТ СУД ОДЛУЧИ ДЕКА ТУЖБАТА НА „ПЕЛИСТЕР“ Е НЕОСНОВАНА, РЕЧЕ ПЕТРОВСКА

Ова е осма година по пожарот во кој изгоре во култниот планинарски дом Копанки на Пелистер. (Фото: СДК.МК)

Општина Битола сама ќе го изгради планинарскиот дом Копанки на Пелистер со општински средства, нам асполутно не ни требаат никакви донации, одговори градоначалничката Наташа Петровска на барањето на ПОДЕМ Владата да им препорача на јавните институции да издвојат пари за Копанки како за трговскиот центар „Глобал“ од Струмица. Петровска рече дека деновиве добиле одлука од Управниот суд, со која се смета за неоснована тужбата на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кон Министерството за транспорт и врски за случајот „Копанки“.

„Уште на самиот почеток кажав дека планината е на битолчани, не е во ничија сопственост, го поништив решението за легализација на тој објект дадено за време на претходната власт. На Второстепена комисија при Министерство за транспорт беше потврдена мојата одлука. Деновиве, добивме и одлука од Управниот суд со која тужбата на ‘Пелистер’ кон Министерството за транспорт кое одлучи по основа на жалбата се смета за неоснована. Сите досега правни разрешници укажуваат дека била злоупотребена позицијата на некои за да го узурпираат планинарскиот дом, пред сѐ мислам на челниците кои го воделе тој процес. Случајот мора да доживее разрешница и се надевам дека наскоро ќе заврши за ние да преминеме кон она што како намера го покажавме и она зад што стојам како градоначалник – Општина Битола сама ќе го изгради планинарскиот дом“, рече Петровска.

ПОДЕМ деновиве по пожарот во „Глобал“, преку соопштение побара начинот и формата на исплата на финансиските средства од јавните институции да биде ист за двата опожарени објекти, на Пелистер и во Струмица.

„Објаснувањето, дека не постои законска можност за исплата на финансиски средства кон здружение на граѓани сега станува беспредметно, поготово по повикот на Владата за исплата на пари кон струмичкото здружение за граѓани, кое е ист правен субјект како и битолското планинарско здружение за обнова на објектот“, вели ПОДЕМ во соопштението.

Ова е осма година по страотниот пожар во култниот планинарски дом Копанки на Пелистер. На местото на некогашното познато збиралиште на вљубениците во планината останаа само рушевините од домот. Претохдната локална власт го легализираше домот, а сопственоста ја даде на планинарското здружение. Општината уште пред две години соопшти дека ќе обезбеди средства за обнова на домот, но доколку Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кој се води како сопственик им го отстапи, зашто не можат да инвестираат на туѓ имот. Планинарите соопштија дека нема да го дадат имотот и започнаа со одредни активности за реконструкција, но не успеаја да го обноват. Општина Битола ја одзеде сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“ на планинарскиот клуб и ја пренесе на државата, со образложение дека поранешниот градоначалник Владимир Талески со ваквата легализација ја злоупотребил службената положба и донел правно неиздржан акт. На ова следуваа жалби, тужби и конечно се чекаше одлуката на Управниот суд.

loading...

Watch Fire Force Season 2 (Dub) Episode 14 at website https://kissanimeonline.com kissanime haikyuu

Naruto: Shippuden (https://animeflix.nl/m/RlK) Episode 500 at ANIMEFLIX animeflix sailor moon