🚧Заедно со секторот за комунални работи во Општина Гази Баба денес присуствувавме на презентација од страна на германска компанија Strassenflex за посебна асфалтна смеса која се користи при крпење на дупки по коловозот.
Се нанесува на оштетени делови од коловозот, без притоа да има потреба од отстранување на старата асфалтна подлога. Оваа асфалтна смеса е доста по брза и по економична, а нејзината издржливост на коловозот е до 5 години.
Веќе заедно со оваа германска компанија разговаравме и како општина во иднина ќе ги примениме овие нови економични методи за санирање на ударните дупки во општината.