Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

БРАВО – ПО КОРОНА КРИЗАТА СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти

По падот на домашниот бруто-производ од 4,5 проценти минатата година, Народна банка оваа година предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври.

„На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, со стапки на раст од 3,9 проценти и 4 проценти во 2022 и 2023 година, соодветно. Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекции,“ се вели во најновите макроекономски проекции на Народна банка.

Во однос на структурата на растот, како и при октомвриските проекции се очекува позитивен придонес на домашната побарувачка, а негативен на нето-извозот.

„Во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите, кои по високиот пад од 10 отсто изминатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за 9,4 отсто, како резултат на раст на странски директни инвестиции (СДИ), интензивирање на државните и приватните домашни инвестиции при постабилен амбиент и натамошна солидна кредитна поддршка. Личната потрошувачка исто по падот од 5,4 отсто минатата година, се предвидува да расте во просек 3,7 отсто, при зголемена склоност за потрошувачка со засилување на процесот на имунизација, пораст на расположливиот доход како резултат на поповолни движења и на пазарот на трудот, како и натамошна кредитна поддршка,“ се вели во проекцијата.

Од Народна банка велат дека генерално очекуваат инфлацијата да остане умерена на среден рок.

„За оваа година правиме умерена нагорна ревизија за 2021 година, од 1,5 на 2,2 проценти, имајќи ги предвид поизразените нагорни корекции на цените на примарните производи на светските берзи, пред се нафтата и храната, а за 2022 и 2023 година ја задржуваме проекцијата за инфлација од 2 проценти. Очекуваното закрепнување на домашната побарувачка нема да создаде позначителни притисоци врз цените, при оцени за мал позитивен производствен јаз во периодот на проекцијата. Ризиците за проектираната патека на инфлација се главно поврзани со неизвесноста околу увезените цени на примарните производи кои се многу променливи, можните ограничувања на понудата поврзани со пандемијата, како и евентуалниот побрз и поцелосен пренос на растот на цените на инпутите врз финалните цени на производите,“ велат од Народна банка.

Во однос на извозот, по падот од 11 проценти лани, оваа и наредната година се очекува просечен раст од седум проценти во услови на закрепнување на странската побарувачка и позитивни ефекти од капацитетите со странски капитал, но и од дел од традиционалниот извозен сектор.

Од Народна банка оценуваат дека ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата.

loading...

https://tai.go88.is/

đánh bài đổi thưởng sunwin sunwin play sunwin renewable energy pvt ltd