По две години од донесеното законско решение, Владата со 1,7 милиони евра ги исплати заостанатите придонеси за прилепски „Еурокомпозит“.
Средствата се исплатени заради консолидирање на прилепската наменска фабрика и исполнување на обврските спрема вработените.
Со финансиската помош ќе се пополни стажот на работниците и ќе им се овозможи заминување во пензија.
Информацијата ја потврдува директорот на прилепската фабрика „Еурокомпозит“ Милан Тоцев.
– Денеска се уплатени 1 700 000 евра за заостанатите придонеси за преку 400 работници од „Еурокомпозит“ за периодот од јуни 2012 до септември 2019 година. Тоа е долгоочекувана добра вест за работниците даси го доплатат стажот, изјави Тоцев за МИА.