Средба на претседателот Пендаровски со претставници на германскиот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје
Средба на претседателот Пендаровски со претставници на германскиот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје
Мицкоски на средба со Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“
Мицкоски на средба со Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“
Единствени во Европа сме што имаме министерство за помалите етнички заедници,му реплицира Ковачевски на Петков
Единствени во Европа сме што имаме министерство за помалите етнички заедници,му реплицира Ковачевски на Петков
СДСМ најавува кратење на трошоците од 100 милиони евра, ВМРО обвинува дека манипулира
СДСМ најавува кратење на трошоците од 100 милиони евра, ВМРО обвинува дека манипулира
ЕУ стави рок спорот да се реши до јули, ќе продолжи со притисок врз Софија и Скопје
ЕУ стави рок спорот да се реши до јули, ќе продолжи со притисок врз Софија и Скопје
Директорот на БЈБ Тасевски на 49-та Европска регионална конференција на Интерпол
Директорот на БЈБ Тасевски на 49-та Европска регионална конференција на Интерпол
ЕСКАЛИРА РАДИНАЛИЗМОТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ ВО БУГАРИЈА, ВЕЌЕ И ЉУБЧО НЕ Е ПОДОБЕН ЗА БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ, УПАД НА ВМРО БНД НА НЕГОВО ПРЕДАВАЊЕ ВО СОФИЈА?!
ЕСКАЛИРА РАДИНАЛИЗМОТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ ВО БУГАРИЈА, ВЕЌЕ И ЉУБЧО НЕ Е ПОДОБЕН ЗА БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ, УПАД НА ВМРО БНД НА НЕГОВО ПРЕДАВАЊЕ ВО СОФИЈА?!
ШОКАНТНА ФАШИСТИЧКА ИЗЈАВА НА РАДЕВ СРЕДЕ БЕРЛИН: Нема да дозволиме легитимација на македонизмот во Европа
ШОКАНТНА ФАШИСТИЧКА ИЗЈАВА НА РАДЕВ СРЕДЕ БЕРЛИН: Нема да дозволиме легитимација на македонизмот во Европа

БРАВО – ПОЛСКА НИ ДОНИРАШЕ 200 000 ФАЈЗЕР ВАКЦИНИ

Почитувани,
Министерот за здравство Венко Филипче заедно со првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда и првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, го посети Институтот за трансфузиона медицина, кадешто се складирани 200.070 вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“ кои Република Полска ги донираше на Република Северна Македонија.

„Во последните месеци живееме во натпросечно тешка ситуација предизвикана од коронавирусот, непријател кој ги напаѓа народите во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека меѓународната соработка е од особена важност, бидејќи само со помош на меѓународната соработка можеме да се бориме со овој непријател. Ме радува тоа што за време на оваа официјална посета на Северна Македонија можам да предадам 200 илјади дози вакцини од производителот Фајзер, како донација за македонскиот народ“, изјави првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда, упатувајќи апел за сите оние кои не се вакцинирани, да го дадат својот придонес за постигнување на колективен имунитет и да се вакцинираат.

Првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, истакна дека оваа донација е уште една потврда за пријателството меѓу македонскиот и полскиот народ, но и чин на солидарност којшто ни е неопходен за време на оваа глобална криза.

„Во изминативе две години, верувам дека секој од нас имал некој во своја близина кој бил болен од Ковид. Верувам и дека голем број од нас загубија блиски луѓе, роднини, пријатели. Затоа, сметам дека со оглед на сите податоци коишто постојат и коишто ни се достапни, само вакцината е единствен излез од оваа ситуација. Би сакала да ги охрабрам сите кои немаат примено вакцина, заради себе, заради нивните блиски и заради сите во околината да ја примат што побрзо, бидејќи повторно се соочуваме со голем број заболени секојдневно. Само со вакцинацијата, односно со масовната имунизација ќе постигнеме излез од оваа криза“, рече таа.

Министерот за здравство, доктор Венко Филипче изјави дека овие две години покажале колку всушност се важни помошта и солидарноста од другите земји, истакнувајќи дека Полска е меѓу првите земји коишто го најавиле механизмот на солидарност и донација на вакцини.

„Со оваа значајна количина од 200 илјади вакцини од производителот Фајзер, нашите количини во овој момент практично се дуплираат, односно имаме вкупно 470 илјади вакцини. Ова е сосема доволно за краток временски период, согласно новите мерки кои верувам дека Владата ќе ги усвои, граѓани да се вакцинираат и да спречат повторно да растат бројките и повторно да се соочиме со голем број заболени, а со тоа да се оптоварат болничките капацитети“, изјави Филипче.

„Верувам дека граѓаните ќе сфатат дека сите овие мерки кои не е лесно да се препорачаат, се неопходни да го заштитиме здравствениот систем, да ги и заштитиме здравствените работници кои неуморно скоро две години, интензивно, без прекин работат деноноќно, а ние пренаменуваме други одделенија во ковид центри, со цел да се заштити и државата и здравствениот систем“, заврши тој.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство

loading...

anime sites. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Naruto: Shippuden (Dub)

Fairy Tail

So I'm a Spider, So What?

animefreaks website Attack on Titan Final Season (Dub)

Boruto: Naruto Next Generations Episode 223

tải go88