Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

БРАВО – Посетителите на ЕКСПО 2020 Дубаи воодушевени од нашиот туризам, авантуристички спортови и храна

Македонскиот туризам е една од основните причини за илјадниците посетители на нашиот павилјон во рамки на ЕКСПО 2020 Дубаи во изминатиот период.

Генералниот комесар на Македонија, Бекри Ајдини во интервју за „Локално“ вели дека сите биле воодушевени од природните убавини и богатствата на Македонија.

-Претставена е како атрактивна туристичка дестинација во сите четири сезони, дестинација која нуди можности за авантуристички спортови и највкусна храна, а се се прикажува преку видео материјали. Воедно, посетителите имаат можност да се запознаат со карактеристичните животни за нашите простори, балканскиот рис и златниот орел кои се изложени на павилјонот, како и од нашата богата култура и традиција претставена преку традиционалните носии и старите артефакти автентични за нашата земја, вели Ајдини.

Ајдини е задоволен од начинот на кој Македонија се презентира како успешна приказна, земја со богато историско и културно наследство, каде во хармонија живеат различни етнички заедници. Посебен акцент е ставен на презентирањето на земјава како дестинација на можности за странски инвестиции, бизнис поволности и економска и трговска соработка. Со дополнителни панели се претставени и слободните економски зони, можностите за соработка во земјоделството, енергетиката и сл.

Ајдини посочува дека во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ постои одлична соработка помеѓу павилјоните на Македонија, Р. Србија и Р. Албанија.

-Пред неколку дена имав средба со претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж кој беше во посета на нашиот павилјон. Ги разгледавме можностите за соработка, како и искористување на нашите можности и простории за поддршка и помош на бизнис компаниите од нашите земји, со цел подобро преставување пред партнерите од Обединетите Арапски Емирати, но и пред целиот свет, посочи Ајдини.

Стопанствениците од Македонија и Албанија ја прифатија понудата на Српската стопанска комора бесплатно да го користат Бизнис хабот на Србија. „Ова е дел од заедничката иницијатива „Опен Балкан“ и само на овој начин можеме да станеме посилни“, беше пораката на претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж.

loading...

animes online. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Horimiya (Dub) Episode 12

SK8 the Infinity

4anime biz 4Anime One Piece

english dubbed anime Black Clover (Dub)

anime website My Hero Academia Season 5 (Dub)