На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ...
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЈДОБРИОТ ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ВО 2021
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ФОТО НА ДЕНОТ - СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ВОЛКУ МОЌЕН: ВЛАСТА ОД ЛОКАЛНО ПА ДО ЦЕНТРАЛНО НИВО ВО ЕДНА ФОТКА
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ШУЌУР, КОНЕЧНО И ХИСТЕРИЧНИОТ САШО ТАСЕВСКИ ДА КАЖЕ НЕШТО ПАМЕТНО: ИЗРАЕЛ Е КРИВ, ГИ ДРЖАТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ!
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин...
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ДВЕ БАБИ ВМРОВКИ ОД ВЕЛЕС ИМ ГО ЗЕМАА ЛЕБОТ НА ФЧЕРАШНИ И ЗЕВЗЕКМАНИЈА: ДЕЦАТА НЕ СМЕАТ ДА УЧАТ ЗА КОМПЈУТЕРИ, ТОА Е ГОЛЕМО ЗЛО!
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци
(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Не сум против легализацијата на градбите на сиромашните, се плашам дека законот ќе го искористат богаташи и криминалци

БРАВО – Преку платформа граѓаните можат да пријавуваат загадување до Инспекторатот за животна средина

Со порака преку Фејсбук страница, е-адреса и веб-страница на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но и преку мапа на потенцијални загадувачи, граѓаните ќе можат да пријават загадување до ДИЖС, што значително го олеснува процесот на брзо добивање, евидентирање пријави и навремено реагирање од инспекторите.

Ваквата платформа денес беше презентирана на прес-конференција, а е изработена во рамките на кампањата „Разбистри се’“, која ја води од Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Граѓаните до ДИЖС треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат. Да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат.

В.д. директорката на ДИЖС, Ана Петровска, побара од граѓаните да дадат доволен број инструкции, со цел Инспекторатот да биде поефикасен. Потоа, пријавителот ќе добие информација во која фаза е постапката и за евентуална санкција против сторителот.

Е-мапата е се уште во нацрт-верзија, но, вели Петровска, засега има листа со доволен број на потенцијални загадувачи кои може да бидат посочувани.

„Оној момент кога пристигнува пријавата, веднаш сме на готовност. Правиме налог за вонреден инспекциски надзор и инспекторот е упатен на терен. Таму каде немаме можност да испратиме државен инспектор – ќе направиме координација со овластените инспектори“, објасни Петровска на прес-конференцијата.

Пријавите главно треба да се фокусираат на т.н. „големи загадувачи“, на инсталациите со А-интергрирана дозвола или со Елаборати за заштита на животна средина, одобрени од ресорниот министер.

„Меѓутоа, нашиот Инспекторат има и други надлежности. Пример, можност да постапува заедно со техничката инспекција за дозволите за експлотација на минерални суровини. Понатаму, постапуваме по Законот за генетски модифицирани организми. Постапуваме и по Законот за заштита на природа, каде заедно со Шумска полиција или Инспекторатот за ловство, шумарство или земјоделство – исто така можеме да имаме координирани активности. Може да имаме и со Агенцијата за храна и ветеринарство“, нагласи таа.

Во однос на комуникацијата со локални инспекторати, што своевремено беше критикувана и од самото ДИЖС, в.д директорката нагласува дека ингерециите постојат по закон.

„Но, во овој момент што правиме, е ажурирање на листата на овластени инспектори на локално ниво. Таа листа укажува на потребата, општините кои во моментов немаат овластен инспектор, веднаш да ангажираат“, потенцира Петровска.

Исто така, укажа дека е нужно да добијат повеќе инспектори во ДИЖС.

„Ако не ги сметам оние што се на неплатено или на боледување, во овој момент имам 15 инспектори на терен (за цела држава н.з.). Неопходни ми се уште 11, за да го покриеме Скопје и регионите каде немам доволен број инспектори, за оваа година навистина да го доекипираме Инспекторатот и да одговориме на потребите на граѓаните“, вели таа.

На новинарско прашање за изградбата на малите хидроцентрали, но и поплаките од граѓани дека не се почитува биолошкиот минимум и остануваат без водоснабдување, таа тврди дека моментално се во комуникација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Разговараме со колегите како да постапат за мерењето на биолошкиот минимум, бидејќи, не можеме да бидиме постојано на терен. А, има и една друга ситуација – кога ќе се добие дојава дека инспекторот е на терен, можно е во тој момент да се пушти повеќе вода по рибјата патека. Од тие причини, сега изработуваме процедура заедно со УХМР, за мерењето да го извршиме ние, или да побараме од УХМР. Не сме вршеле премногу надзори врз мали хидроцентрали, не сме нашле неправилности, токму зашто тие процедури не биле докрај реализирани“, потенцираше Петровска.

Зборувајќи за предностите на платформата, Дејан Андонов од ИКС нагласи дека на почетокот на нивната кампања издале публикација-анализа за итните прашања што заслужуваат внимание. Односно, проблемите со инспекцискиот надзор за искористувањето на природните ресурси.

„Едни од наодите до кои дојдовме беа дека инспекторатите, кои имаат надлежности во областа на животната средина, не се доволно транспарентни. Не објавуваат доволно информации за инспекциските надзори кои ги вршат, дали и какви мерки преземаат, како и дека не им овозможуваат на граѓаните подиректно и поедноставно да ги пријавуваат проблемите со кои се соочуваат во животната средина“, нагласи тој, додавајќи токму затоа кон „Разбистри се’“ се приклучило и ДИЖС.

loading...

4Anime toilet bound hanako kun 4anime: Attack on Titan Season 3 Episode 12

KissAnime kissanime free: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3 (https://kissanimeonline.com/m/OgP1/ep-3)