ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски
Оставката на Заев од премиер зависи од преговорите со Алтернатива и Бугарија
Оставката на Заев од премиер зависи од преговорите со Алтернатива и Бугарија
Косово: Награда од 20 илјади евра за тој што ќе помогне во откривањето на тројниот убиец кај Дечане
Косово: Награда од 20 илјади евра за тој што ќе помогне во откривањето на тројниот убиец кај Дечане

БРАВО ПРИЛЕПЧАНИ: Прилеп годишно селектира отпад колку цела Македонија заедно

Општина Прилеп е првенец во земјава во однос на селекцијата на отпадот што се создава од граѓаните и компаниите на нејзина територија. Од вкупно 28.000 до 31.000 тони отпад што се создава во текот на една година, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп успева да селектира и продаде меѓу 1.200 и 13.000 тони селектирани отпадни материјали на годишно ниво, информираат за „Мета.мк“ од ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Само лани, ова комунално претпријатие успеало да селектира и продаде 822 тони отпадна хартија и картон, 87 тони разни видови отпадна пластика и ПЕТ амбалажа, 56 тони најлон и 78 тони стаклена амбалажа.

Покрај ова, со сопствени контејнери за градежен шут собрани се околу 3.000 тони градежен шут, со којшто отпаден градежен материјал се покрива општинската депонија во месноста Омер Алинци. Општина Прилеп преку комуналното претпријатие селектира и 2.000 до 3.000 тони дополнителни отпадни материјали (текстил, мебел, дрво и слично), но за нив во моментов немаат пласман во земјава и странство.

Со ваквиот биланс, Општина Прилеп селектира отпад на годишно ниво колку сите други градови заедно, вклучувајќи го и Градот Скопје. Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај од ревизијата на успешност „Ефикасно третирање и справување со пластичниот отпад“, има упатено пофалба до Општина Прилеп за бројот на поставени садови за селекција на отпад.

Ревизијата утврди дека Општина Прилеп е еден од ретките градови во РСМ каде успешно се применува примарната селекција на отпадот, а веќе подолго време во подготовка е изградба на хала за секундарна селекција, се наведува во Ревизорскиот извештај.

Сепак, ревизорите констатираат дека ЈКП од Прилеп во 2013 година започнало проект за изградба на Центар за секундарна селекција, за што до крајот на 2017 година се исплатени 23.906.000 денари, по што градењето е прекинато. За доизградба на Центарот се потребни уште околу 27 милиони денари, поради што во Извештајот ревизорите му препорачуваат на ЈКП од Прилеп да продолжи со преземените активности за доградба на Центарот за секундарна селекција на отпадот.

Од јавното комунално претпријатие од Прилеп велат дека засега нема никакви најави за помош од Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа насока, иако се сложуваат дека ако се доврши Центарот за секундарна селекција, Прилеп во идната регионална депонија за Пелагонискиот регион што ќе се гради во Општина Новаци би транспортирал само отпад на којшто му е неопходно депонирање.

Досега делумно е завршен проектот за секундарна селекција на отпадот, при што во фаза на изградба е хала, а набавена е и линијата за секундарна селекција. Од ЈКП „Комуналец“-Прилеп велат дека при крај на реализација е проектот „БИО РЕАЛ“ во вредност од 173.000 евра, аплициран од Програмата ИНТЕРЕГГ ИПА за меѓугранична соработка со Република Грција. Од одобрените финасиски средства, во 2019 година е набавена 50 тонска автоматска преса за балирање на отпадните материјали, набавено е ново возило за одвоз на селектирани материјали и изработена е Студија за изградба на компостара.

На територијата на Општина Прилеп, досега се распределени 21.000 корпи за отпадоци по домаќинствата, поставени се 463 контејнери по јавни површини, институции и компании за селекција на отпадни материјали, 30 контејнери за сепарација на градежен шут и 38 контејнери за селекција на стаклена амбалажа. За одвезување на рециклирачки отпадни материјали од домаќинствата набавени се 10 дополнителни возила, а во примарната селекција на отпадот се вклучени и граѓаните од руралните средини во Прилеп.

„Ментално се работи на до-вклучување на руралните средини во примарната селекција на отпад. Досега се опфатени 15 населени места со вклучени 1.118 домаќинства кои го селектираат отпадот. 15.297 корисници во градот се вклучени во селекцијата на отпад кои живеат во куќи и 4.081 корисник на услуги живеат во станбените објекти и ја користат контејнерската услуга за селекција на отпад. Отпад од стопанството, јавните установи и институции се собира од 2.182 корисници во градот и населените места, и кај нив сè уште во целост не е спроведено правилното третирање и управување со отпадот, иако законодавецот предвидува за нив ригорозни казни“, велат за „Мета.мк“ од ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Иако Прилеп претставува позитивен исклучок во целата земја, Ревизорскиот извештај на ДЗР потенцира дека помалку од 1 отсто од собраниот комунален отпад во земјава се рециклира, што се бројки на кои секоја година алармира и Државниот завод за статистика во соопштенијата за количеството на собран и селектиран комунален отпад.

loading...

Website https://aniwatch.pro: Watch Fist of the North Star: Raoh Side Story Junai Arc aniwatch Episode Full dubbed anime

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://gogoanime.be: Watch Detective Conan: Episode One - The Great Detective Turned Small (Dub) gogoanime Episode Full gogoanime re zero

AnimeTV: The Comic Artist and His Assistants anime episode 12 online free at https://animetv.cc good anime tv shows

: anchor.fm/ kissanimemx

Blogger: https://www.blogger.com/profile/09364928539063079000