Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа

БРАВО: Први колачи од македонско производство, кои позитивно влијаат врз метаболизмот, како и врз целокупното здравје на човекот – Проектот на Жито Пром👉„Линија функционални колачи 4U“ е реализиран во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој

Првите колачи од македонско производство, кои позитивно влијаат врз метаболизмот, како и врз целокупното здравје на човекот од брендот 4U денеска беа промовирани во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во Скопје. Станува збор за новата линија производи, поддржана од ФИТР, целосно развиена во последните неколку години во т.н. пандемиска реалност. Фокусот е на современите потрошувачи кои водат грижа за својот имунолошки систем.

– Мотивацијата за новиот проект што денеска го презентираме беше поттикната од потребата за проширување на палетата на производи, и со тоа диверсифицирање на ризикот, како и следење на светските трендови во нашата индустрија. Станува збор за развој на сладок асортиман на функционални колачи со вклучени активни состојки, коишто се дел од балансираната и здрава исхрана. Кога во една држава соработуваат клучните учесници за развој на економијата, поточно индустријата, науката и државните институции тогаш се повеќе ќе имаме развој на вакви проекти и иновативни производи што ќе значат напредок за целото општество – рече Татјана Танева Новаковска, генерален менаџер на Жито Пром – Гевгелија, компанијата која стои зад брендот 4U.

Проектот „Линија функционални колачи 4U“ е реализиран во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Од името на Фондот се обрати Никола Клопчевски од секторот за мониторинг.

– ФИТР има повеќе од 700 корисници, а „Жито Пром“ и линијата на здрава функционална храна е една од најуспешните приказни, во последна фаза на реализација. Проектот е поддржан од јавниот повик за Комерцализација на иновации со речиси 160.000 евра, додека вкупниот обем на инвестиции изнесува околу 225.000 евра – подвлече Клопчевски.

Ангелчо Јованов, технолог во „Жито пром“

Развивањето на линијата здрави колачи 4U е одличен пример за доброто функционирање на спрегата наука – производство, со цел создавање храна на иднината. Таа ќе ги задоволи современите барања и потреби на потрошувачите на македонскиот и на странскиот пазар. Тенденцијата е ваквите производи да бидат лесно достапни во аптеките, продавниците за здрава храна и останати специјализирани продавници. Корисници на оваа функционалната храна, ќе бидат популација помеѓу 30 и 60 години, едуцирани и работоспособни луѓе, кариерно ориентирани луѓе кои консумираат закуски во движење, луѓе кои се грижат за своето здравје и изглед.

– За големо поздравување е понудената соработка на компанијата „Жито Пром“, со Технолошко-металуршкиот факултет или Катедрата за прехранбена и биотехнологија, каде беше направено и самото истражување и развојот. Добиените производи беа предизвик токму поради фактот дека се иновација на пазарот. За прв пат во Македонија беше направена анализа во новата лабораторија за сензорско анализање на прехранбени производи на Технолошко-металуршкиот факултет, од страна на обучен кадар или панелисти. Како споредбени беа направени и специфична анализи на текстурата и бојата на колачите чија цел беше да се одреди прифатливоста на производите од страна на конзументите. Како научник, лично сметам дека преку овој проект се оствари една огромна соработка на академијата и прехранбената индустрија во Македонија – потенцираше проф. д-р Јана Клопчевска од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Пакувањата содржат по шест колачи и на нив е наведена количината на функционалната компонента односно дозволената количина за конзумирање на дневна основа. Препорачуваме консумирање на едно пакетче на ден за едно лице.

– Функционални колачи 4U претставуваат храна која нуди здравствени придобивки над нивната хранлива вредност, бидејќи станува збор за производи збогатени со витамини, минерали, прeбиотици, растителни влакна и други супстанци кои ги зголемуваат здравствените придобивки. При развојот на производите го имавме предвид и пандемискиот период, односно состојките кои влијаат врз зајакнување на имунолошкиот систем – истакна технологот Ангелчо Јованов.

„Жито Пром“ – Гевгелија е семејна компанија која во прехранбената индустрија работи повеќе од 25 години. Палетата на производи во моментов вклучува мелнички производи, како пченично брашно и сточно брашно, индустриски полнежи за кондиторски производи и кроасани препознатливи под брендот 4U. Брашното произведено од висок квалитетна пченица се пласира на домашниот пазар, додека кроасаните покрај во државава, се присутни и на 20 странски пазари.

Јана Клопчевска, Ангелчо Георгиев, Татјана Танева Новаковска и Никола Клопчевски

Компанијата има сопственото производство на клучните состојки во производот како брашното и полнежите. Тоа што е специфично за кроасаните е дека самото тесто се подготвува со природен квасец – мајка, која е стара веќе 100 години и кај нас е донесена од Италија.

loading...
tải go88