Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

БРАВО – Репортери без граници: С.Македонија за 33 места погоре на Индексот за слобода на медиумите [инфографик]

С. Македонија годинава се наоѓа на 57 место на Светскиот индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници и бележи скок од 33 места погоре во споредба со 2021 година. Нашата земја, заедно со Црна Гора, бележи најголем скок од регионот на Балканот во однос на рангирањето за слободата на медиумите. Црна Гора во годинешново рангирање бележи раст за 41 место во однос на лани, но се наоѓа на 63 место на Светскиот индекс за слобода на медиумите, односно позади нас.

Во поглед на слободата на медиумите, подобро рангирани од С.Македонија годинава на Балканот се единствено Хрватска (48 место) и Романија (56 место). Најдолу на листата на Репортери без граници од регионов е Турција на 149 место, а забележителен пад годинава бележат и Грција (108 место) и Албанија (103 место). Светскиот индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници е објавен токму на 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, се наведува во резимето на Репортери без граници за состојбата со медиумите во С.Македонија.

Од Репортери без граници во однос на медиумскиот пејсаж, забележуваат дека кај телевизиите постои голем јаз помеѓу гледаноста и довербата. Па така, најгледаните телевизиски станици имаат низок индекс на доверба. Телевизијата останува доминантен извор на информации во С.Македонија, иако онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, во интернет просторот мора да се прави дистинкција помеѓу професионалните онлајн редакции кои објавуваат оригинални содржини и поединечни портали кои вршат плагијат и се занимаваат со copy-paste новинарство.

Од Репортери без граници за годинешново рангирање на земјата велат дека целокупната средина останува поволна за слободата на медиумите, иако транспарентноста на институциите е прилично слаба. Постои силна политичка поларизација во земјата, поради што медиумите можат да бидат подложени на притисок од властите, политичарите и бизнисмените.

„Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи преку кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност“, посочуваат од Репортери без граници.

Годинава е присутна забелешката за земјата дека заостанува во однос на усогласувањето на законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, кон која има намера да се приклучи. Од Репортери без граници предупредуваат на судска злоупотреба на Законот за граѓанска одговорност за клевета, која поттикнува самоцензура во медиумите.

„Тужбите се користат како алатка за заплашување и притисок врз независните медиуми“, наведуваат од Репортери без граници.

Во годинешното резиме за земјава се објаснува дека државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, додека редакциите на некои од главните телевизиски канали се изложени на економски притисоци од нивните сопственици. Независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите, а странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Во поглед на безбедноста на новинарите и медиумските работници, иако 2021 година била релативно мирна, Репортери без граници забележуваат дека новинарите редовно се мета на вербални напади. Новинарите можат да бидат изложени на правен притисок и навредливо гонење преку т.н. стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP)

„Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Се подготвуваат амандмани за подобра заштита на новинарите“, наведуваат од Репортери без граници.

Токму Албанија на последното рангирање на Репортери без граници бележи пад на слободата на медиумите, а Мета.мк побара од редакцијата на албанскиот портал за вести Фактоје коментар за состојбата со слободата на медиумите во Албанија и во земјите од Западен Балкан по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

Од Фактоје велат дека во Албанија, но и во земјите од регионот, новинарите се соочуваат со слични проблеми – цензурата, притисокот од владата и луѓето од власта, кои исто така ги користат тужбите во судовите како средство за вршење притисок и замолчување на новинарите, се меѓу главните закани по слободата на медиумите.

„Од друга страна, посветеноста на владата (барем во Албанија) со сè повеќе логистика и човечки ресурси за пропаганда, е уште еден начин што ја загрозува слободата на медиумите“, велат од Фактоје.

Од Фактоје додаваат дека дезинформациите и мисинформациите, заедно со распространувањето на пропагандата и говорот на омраза, се главните закани по слободата на медиумите во Албанија, но и во регионот на Западен Балкан.

loading...

GO88 - Thiên đường Game Bài Hoàng Gia lớn nhất Việt Nam download go88 go88 rút tiền

https://tai.sunwin.gg/