БРАТ ЉУБЕ: ЈАС НЕ СУМ КАКО НИВ, НЕ СЕ РАДУВАМ НА ТУЃАТА НЕСРЕЌА, НО МЕ РАДУВА ШТО КОНЕЧНО ПРАВДАТА ПОБЕДИ!
БРАТ ЉУБЕ: ЈАС НЕ СУМ КАКО НИВ, НЕ СЕ РАДУВАМ НА ТУЃАТА НЕСРЕЌА, НО МЕ РАДУВА ШТО КОНЕЧНО ПРАВДАТА ПОБЕДИ!
НУКЛЕАРНА БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: МИЈАЛКОВ БИЛ СКРИЕН ВО КУЌА НА КАМЧЕВ НА ВОДНО, ВМРО ДПМНЕ БИЛА ВКЛУЧЕНА ВО ОПЕРАЦИЈАТА, ПЛАНОТ БИЛ ДА СЕ КРИЕ ДОДЕКА НЕ ПАДНЕ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ!
НУКЛЕАРНА БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: МИЈАЛКОВ БИЛ СКРИЕН ВО КУЌА НА КАМЧЕВ НА ВОДНО, ВМРО ДПМНЕ БИЛА ВКЛУЧЕНА ВО ОПЕРАЦИЈАТА, ПЛАНОТ БИЛ ДА СЕ КРИЕ ДОДЕКА НЕ ПАДНЕ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ!
КОНЕЧНО СО ГРЦИЈА ИМАМЕ НОРМАЛНИ ОДНОСИ: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се сретна со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Хеленската Република

РАДМИЛА И ОСМАНИ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО БУТЕЛ
РАДМИЛА И ОСМАНИ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО БУТЕЛ
Во врска со судската одлука за Таргет-Тврдина, за Демократскиот сојуз од исклучителна важност е тоа што после шест години, Судот потврди дека масовното прислушување е вршено преку системите на Министерството за внатрешни работи. Злоупотребена е власта за незаконито и неовластено прислушување на обични граѓани, новинари, бизнисмени, носители на политички и државни функции и многу други, со што директно се загрозени приватноста и основните права и слободи

ЗАЕВ СО КОМЕНТАР ЗА КАЗНАТА ЗАТВОР ЗА МИЈАЛКОВ: Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир!

ПРАВ МОМЕНТ, НА ДЕНОТ КОГА ГО ВИДОВМЕ МИЈАЛКОВ ВО КОМБЕ ЗАД РЕШЕТКИ - Заев се кандидира за претседател на СДСМ, ветува пролетна офанзива
ПРАВ МОМЕНТ, НА ДЕНОТ КОГА ГО ВИДОВМЕ МИЈАЛКОВ ВО КОМБЕ ЗАД РЕШЕТКИ - Заев се кандидира за претседател на СДСМ, ветува пролетна офанзива
Седум полицајци повредени, а осуммина се приведени на протестот за „Монструм“
Седум полицајци повредени, а осуммина се приведени на протестот за „Монструм“

БРАВО СДСМ, ОДДРЖЕТЕ ИМ ЛЕКЦИЈА НА ВМРОВЦИТЕ – Општина Градско од банкротирана и презадолжена општина стана позитивен пример за домаќинско работење

Општина Градско од банкротирана и презадолжена општина стана позитивен пример за домаќинско работење. Пред 3 години Градоначалникот на општина Градско Г.Роберт Бешовски наследи огромна финансиска дупка од 850.000 евра, најголем дел утужени обврски. Денес општината на своето конто има вишок 1.000.000 денари. Неговото мото во овие досегашни три години од неговиот мандат беше “Враќаме стари долгови и градиме нови проекти.

Градоначалникот објаснува дека направил план како и од кои изворни приходи ќе ги покрие долговите и ќе ги реализира ветените проекти. За враќањето на долговите општината добива помош и од владата со Законот за финансиска поддршка во висина од 237.000 евра. Општините поседуваат потенцијал за прибирање на средства во општинската каса само треба добро да се осмисли и изменаџира изјавува Бешовски.

Во моментот општината изработува измена на Урбанистичкиот план за Градско кој го донесе во 2018 година за да создадат услови за изградба на биогасна централа во вредност од 15 милиони евра со моќност од 3 мега вати од страна наЗК Вардар АД Градско исто така следува и подготовка на локална урбанистичка планска документација за изградба на уште една биогасна централа во вредност од 7 милиони евра со моќност од 2 мега вати во близина на с.Долно Чичево, истовремено треба да се отпочне со изградба на бензиска пумпа на автопатот Пријателство во близина на с.Виничани во вредност од 2 милиони евра.

Општината донесе Одлука за изработка на ЛУПД за индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија во близина на Градско. Градоначалникот интензивно работи на можноста да урбанизира простор за поставување на фотоволтаици. Искористувањето на природните ресурси и зачувувањето на животната средина се најважна алка во процесот на развој на општината, вели Бешовски.

Градско се наоѓа на одлична локација во центарот на државата и има добра инфраструктура, автопат, железница и регионални патишта кои се добри предуслови за инвестирање. Градоначалникот ги реализира голем дел на проектите скоро во сите населени места, очекува исто така наредната да ги доврши останатите проекти. Од повеќето реализирани проекти ги издвојуваме новоизградениот отворен парк за сите граѓани во училиштето и поплоченото шеталиште кое му даваат модерен и урбан лик на Градско. На шеталиштето се очекува наскоро да се монтираат нови клупи, корпи за отпадоци и изгради нова фонтана се изградија локални улици во повеќе населени места, голен скок во комуналната инфраструктура се овозможи со изградба на фекални канализации и ископ на нови бушотини за подобрување на водонабдување итн.

Земјоделците никогаш не се изоставени од општеството. Градоначалникот иако имаше многу пречки, објективни, но и од субјективна природа, но со напорна работа и надчовечки ангажирања успеа да издејствува за изградба на Откупниот центар за земјоделски производи кои можат да го користат не само жителите на општина Градско, туку и жителите од соседните општини. Културата, спортот и социјалната заштита се области кои имаат широко поле за делување. Во сите овие дејности е забележан напредок. Од голема важност за жителите од христијанската вероисповед е изградбата на црквата Св.Апостол Павле, која ќе се гради следнава година од Повардарската епархија, со голема помош и поддршка од Градоначалникот Бешовски и општина Градско.

Туризмот како гранка за развој на економијата е на повидок. Езерото Подлес стана модерен туристички комплекс со кој може да се пофали општина Градско. Останува само да го посетите и да се уверите во неговата четирисезонска убавина. На лицата на граѓаните се забележуваат задоволства, насмевки и исполнета надеж од работата на Градоначалникот Бешовски. Сето ова е резултат на напорна и посветена работа. Нека тој биде пример и за своите колеги Градоначалници како се сака и посветува на своето родно место.

loading...

Shingeki no Kyojin: Chronicle (https://gogoanime.be/m/ZXwP) Episode Full at website https://gogoanime.be gogoanime my hero academia

Watch Attack on Titan: Lost Girls Episode 3 (https://animefreak.ws/m/8rjp/ep-3) at AnimeFreak animefreak bleach